Голем број прекрасни места во светот не се популарни туристички дестинации затоа што е тешко да се дојде до нив. Но зарем не се овие бајковити острови, азурни води, полиња со цвеќе и прекрасни водопади, вредни за посетување? Секое од овие 15  места е посебно на свој начин и дури делуваат нереално.

Благај, Босна

Благај е мало село 7 километри оддалечено од Мостар, вгнездено меѓу малите водопади и опкружено со азурните води. Прекрасни бели куќички и манастир се лоцирани под рамните карпи. Ова е свето место за дервишите и суфиите кои го изградиле селото, како дел од еден мал рај.

Хуацачина, Перу

Хуацачина е град-оаза кој се наоѓа во средината на огромна пустина. Потребни се 5 часа пат, за да се стигне од главниот град Лима до оваа волшебно место. Популацијата на оваа градче изнесува 200 луѓе, па затоа таму можете целосно да се отсечете од светот. Исто така можете да сурфате на некој од ридовите во Перу.

Езерото Хилиер, Австралија

Само замислете, песочни плажи, опкружени со шума од еукалиптус и нај розевото езеро што сте го виделе до сега. Езерото Хилиер е лоцирано на Средниот Остров во југо-западна Австралија. Таму можете да пристапите само со авион. Езерото е откриено во 1802 година и останува розево во текот на целата година. Се претпоставува дека одредени алги и микро-организми го прават местото розево, но тоа не е потврдено.

 

Скриената плажа, Мариета островите, Мексико

Скриената плажа (Playa de Amor) е тајна плажа со многу чиста вода и повеќе видови на птици, кои што живеат таму. До овој осаменички рај се доаѓа само по воден пат. Откако неколку минути ќе пловите низ лавиринтите на подземните пештери ќе ја отриете оваа плажа, изгубена во длабочините на островот.

 

Силфа Фисури, Исланд

Силфа Фисури е лоцирана во националниот парк Тхингвелир, во Исланд. Ова е омилено место на нуркачите и авантуристите. Можно е да го изгубите чувството за длабочина затоа што студената вода е неверојатно чиста. Видливоста се оптега и до 300 метри длабочина.

 

Исола Бела, Италија

Без сомнение Исола Бела, Италијанскиот остров во Лаго Магиоре, е еден од најубавите во светот. Величенствената Боромео палата и градините на повеќе нивоа, како и преубавите фонтани го окупираат речиси целото копно. Покрај тоа тука ќе видите и бели пауни, познати како кралски птици.

 

Селото Попај, Малта

Селото Попај се состои од мали дрвени куќички, кои што биле изградени за снимање на мјузиклот Попај во 1980 година. Денес овој остров е ресорт и забавен парк, кој нуди крстарења и неверојатни глетки. Интериерот на некои куќи е ист како за снимањето на филмот.

 

Донгчуан Црвената Почва, Кина

Донгчуан Црвената Почва е планинска долина, северо-западно од Кунминг. Поради оддалеченоста од цивилизацијата оваа место не е на туристичката мапа на Кина. Оваа долина била откриена во средината на 1990-тите. Брановидните пејсажи се кафеаво-црвени, поради високата концентрација на минерали и фосили.

 

Цветниот остров, Португалија

Flores Island, Цветен остров е на листата на УНЕСКО за природно наследство. Таму има национален парк со уникатна флора и фауна. Лоциран е на нај западната точка на Азорес островите близу брегот на Португалија. Името го добил затоа што целата негова територија е прекриена со различни видови на цвеќе. Исто така на Цветниот остров има природни топли извори, лагуни, полиња со ориз, езера, вулкани и светски познати пештери.

 

Вратата на пеколот, Дарваза кратер, Туркменистан

Овој огромен огнен кратер е широк 60 метри во дијаметар и 20 метри во длабочина. Одамна, група геолози откриле пештера со огромни резерви на природен гас и за да ги избегнат штетните ефекти врз локалното население го запалиле гасот. Огнот требало да згасне по неколку дена, но тој останал да гори веќе 45 години.

 

Националниот парк Ленкоис Маранхенсес, Бразил

Овој национален парк е лоциран во Атлантскиот океан, во северо-источен Бразил. Секоја година за време на врнежливата сезона илјадници тиркизни лагуни се појавуваат меѓу песочни дини. Најдобро време за посета е од јули до септември, која лагуните се со полн капацитет.

Сетенил де лас Бодегас, Шпанија

Малиот град Сетенил де лас Бодегас се наоѓа во карпа на југот од Шпанија, веќе осум века. Ѕидовите на покривите и куќите се дел од големи базалтни карпи. Тие го штитат локалното население од жешкото сонце и силниот ветер.

 

Пештерата на Св. Марсел, Франција

Оваа пештера е пронајдена во 1836 година од француски ловец. “Saint-Marcel-d’Ardeche” е лоцирана во регионот Рона до француските Алпи. Ова е голема мрежа од пештери со кристално чиста вода и разнобојни карпи.

Мермерна пештера, Чиле

Пештерата е лоцирана на полуостровот до Генерал Карера езерото во Чиле. Прекрасната мермерна пештера е дело на природата, која го создавала илјадници години. Мермерните ѕидови во различни форми го одземаат здивот на посетителите.

Светилиштето Лас Лајас, Колумбија

Лоцирано е во клисурата на границата меѓу Колумбија и Еквадор. Ова нео-готски зграда и нејзиниот ентериер се фасцинантни! Црквата се издига на 45 метри над река меѓу карпи и водопади.

Сподели на Facebook
пати видено