Сите дефинитивно го сфаќаме зборот „скапо“. Сепак не сме сите запознаени дека постојат работи, во овој случај течности кои чинат многу повеќе отколку што можеме да замислиме. Не зборуваме за злато и дијаманти, туку едноставно за течности.
15. Течна хартија – 40 долари за литар
Течната хартија се користи за поправање на пишаните грешки. Состојките кои ги содржи ја прават течната хартија(коректор) толку скапа.
14. Пеницилин – 61 долар за литар
Пеницилинот е голема група на антибиотици, кои вклучуваат пеницилин V, пеницилин G, бензатин пеницилин, и прокаин пеницилин. Пеницилинот главно се користи за лекување на различни инфекции.
13. Пачули етерично масло – 163 долари за литар
Оваа скапо етерично масло се произведува од свежи или суви лисја од растението Pogostemon. Маслото функционира како антисептик, помагајќи да се третира треска, габични инфекции, па дури и бубрежни камења.
12. Човечка крв – 360 долари за литар
Денес многу луѓе донираат крв, но процесирањето и складирањето на крвта е скап процес. Ова ја објаснува цената.
11. Гама хидроксибутерна киселина (GHB) – 597 долари за литар
GHB, исто така познат како 4-хидроксибутанска киселина, главно се користи за лекување на нарколепсија, несоница, катаплексија и алкохолизам. Тоа е исто така производ на вино, агруми и ферментација на говедско месо. Продажбата на GHB е нелегална во многу земји.
10. Лак за нокти – 594 долари за литар
Ова е цена на Essie, брендот кој произведува некои од најдобрите лакови за нокти.
9. Црно мастило за печатач – 643 долари за литар
Тука зборуваме за високо-квалитетно мастило.
8. Жива- 800 долари за литар
Живата е единствениот метал што останува течен на собна температура. Таа главно се користи во производството на термометри. Сепак, хемиската индустрија, производството на метал и земјоделството исто така сметаат дека е корисна.
7. Инсулин – 3.513 долари за литар
Инсулинот е природно направен во вашето тело од страна на панкреасот. Го задржува нивото на гликоза во крвта и ги подобрува метаболните процеси. Инсулинот е суштински лек за лекување на дијабетес.
6. Шанел бр. 5 – 6.297 долари за литар
Легендарниот парфем е познат на сите. За прв почна да се продава во 1922 година,ѓ и Шанел бр.5 уште го држи врвот на пазарот. Ретки цветни ливчиња и редок корен го прават Шанел број 5 толку скап.
5. Крв од рак- 14.392 долари за литар
Крвта на овој рак не содржи хемоглобин. Наместо тоа, тие користат хемоцијанин и затоа има сина боја. Кога патогени или бактерии влегуваат во неа, крвта се згрутчува многу брзо. Поголемиот дел од лековите што ги употребувавме денес се тестирани со оваа крв.
4. LSD — 29.513 долари за литар
Оваа опасна полу-синтетичка психоактивна супстанца беше многу популарна хипи дрога. Денес ЛСД е забранета во скоро сите земји.
3. Отров од кралска кобра- 36.675 долари за литар
Кралската кобра е една од најопасните змии во светот. Луѓето ги ризикуваат своите животи кога го собираат отровот на кобра. Сепак, тој е многу вреден за производство на лекови кои можат да помогнат да се излечи Паркинсонова болест и Алцхајмерова болест, лекување на шизофренија и борба против депресија.
2. Отров на скорпија – 9 358 378 долари за литар
Протеинот во отровот се користи за лекување на состојби како мултиплекс склероза, ревматоиден артритис и воспалително заболување на цревата.
1. Најскапиот алкохол во светот – 35.598.000 долари по шише
Ова е цената на D’Amalfi Limoncello Supreme. Пијалокот се подготвува со користење лимони од ридовите Амалфи според традиционалните италијански рецепти. Сепак, тоа не е она што го прави толку скап. Тесното грло е покриено со 3 дијаманти од 13 карати. Во средината се наоѓа редок дијамант од 18,5 карати.