После бурно проведената ноќ, чест проблем наутро е мамурлакот. Љубителите на алкохолот се секогаш во потрага по митскиот „лек против мамурлак“ бидејќи знаат дека утрата после пиењето не се баш забавни. Ви претставуваме 15 примери како се трезнат во разни земји од светот.

Русија

m01

Во Русија после бурната ќе ви препорачаат ноќ да појдете во сауна, проследено со удирање по телото со лисја од бреза.

Монголија

m02

Во Монголија против мамурлакот се борат со освежувачка чаша сок од домати, комбиниран со очи од овца.

Шкотска

m03

Откако сте испили премногу претходната ноќ, кренете се на нозе со топол црн пудинг. Не знаете што е црн пудинг? Свинска крв со црн бибер и зачини приготвена во вид на колбас (крвавица).

Лас Вегас (САД)

m04

Овде можете да си нарачате Автобус-рај за мамурлакот, кадешто ќе ве снабдат со неопходните витамини и течности да се справите со мамурливоста.

Полска

m05

Во Полска ќе ве советуваат да се напиете сок од корнишони за да се ослободите од утринската главоболка и мачнина.

Порторико

m06

Не морате да се напиете сок од лимон или да изедете еден за да ја излечите мамурливоста. Треба само да се протриете со лимон под мишките.

САД

m07

Во Америка ставаат посебни лепенки против мамурливост наречени Бајтокс, по цена од 3 долари лепенка.

Перу

m08

Мамурлакот може да направи да се чувствувате мртви. Затоа има смисол да јадете „супа која крева од мртвите“ или sopa levanta muertos. Тоа е чорба од морска храна со изобилство од хабанеро лути пиперчиња.

Сицилија

m09

Во Сицилија за да се освестат после лумпувањето претходната ноќ. јадат сушен пенис од бик.

Намибија

m10

Испијте чаша млеко од буфало и ќе се чувствувате подобро. Сепак, тоа не е навистина млеко од буфало, туку павлака со рум.

Кореја

m11

Корејците се трезнат со голема чинија говедска супа со свинска коска и засирена крв од вол. Овој специјалитет се нарекува хаеџанггук, што буквално значи „супа за мамурлук“.

Рим

m12

Ако после пиењето најдете заборавена временска машина и се разбудите мамурни во древниот Рим, имате среќа! И тие исто така имале отрезнувачки лек. Според историчарите, најдобар лек против мамурлак во Рим бил пржен канаринец.

Мексико

m13

Во Мексико највообичаен лек против мамурлак е менудо – мексиканска верзија на чкембе чорба со чили.

Ирска

m14

Во Ирска не се мачат да ви прават јадење, туку директно ве закопуваат до главата в песок.

Унгарија

m15

Подобро воопшто да заборавите на пиењето кога сте во Унгарија, бидејќи тие се трезнат со чаша ракија со измет од врапци.

Сподели на Facebook
пати видено