Запознавањето на „втората половина“ во модерното време може да се случи било каде и било кога, нема посебни правила за ова. Географијата на пребарувањето се шири поради интернет просторот. На крајот за добро да се провери личноста можете и да се обратите на социјалните мрежи, да видите со кого се дружи, каде излегува.

Замислете, пред неколку стотини години, младите момчиња и девојчиња немале таква можност, често им било забрането да покажуваат знаци на внимание кон спротивниот пол.

Во тоа време не постоел поимот „состанок“, бидејќи бракот се сметал за „профитабилен договор“ помеѓу родителите на младите.

Доколку имало комуникација пред бракот средбите биле кратки и за тој период невестата морала да дознае што може да очекува од него во семејниот живот.

Разводите биле неприфатливи поради влијанието на црквата, а сопругата требала да се третира само со почит бидејќи љубовта требала да биде само кон Бога. Најчесто мажите си наоѓале „лесни девојки“ за забава, но и покрај тоа разводот не доаѓал во предвид.

Сопружници се бирале на саеми кои ги имало во сите поголеми европски градови. Младите оделе таму со ментори кои им помагале во изборот и се „ценкале“.

И баловите исто така биле еден вид на саеми за наоѓање сопруги и сопрузи, но само за повисоката класа.

Девојките имале ливчиња, од кои некои биле тајни на кои запишувале со кои момчиња танцувале и колку пати.

На пример било забрането да се танцува повеќе од 2 пати со исто момче во иста вечер, бидејќи тоа би значело дека сака брак со девојката.

Со убава облека девојките го покажувале својот социјален статус и какво воспитување вложиле нивните родители во нив.

Боите на облеката исто така играле улога. Младите девојки кои барале партнер носеле светли бои, а повозрасните дами носеле темни тонови.

Шминката на девојките требала да биде природна.

Дијагноза: пациентите кои страдаат од хистерија. Доколку една девојка носела провокативни фустани, флертувала и често разговарала со мажи најчесто била дијагнстицирана со непостоечка болест- хистерија.

Запознавање во цркви. Овој храм бил место за парохијани, каде што младите луѓе можеле да направат доброволен избор.

Етика, пристојност и етика повторно.

Тешко е да се поверува, но некои пред неколку стотини години, немажените девојки не можеле сами да одат на улица. Доколку им пристапи господин на улица, требале да се однесуваат колку што е можно постудено и неотвоено. Мажените дами ги воделе на прошетка немажените.

Танцот бил една од ретките можности младите да се запознаат и слободно да разговараат.

Младите девојки користеле секакви средства тајно да ги изразат чувствата и за тоа користеле чадори, чанти, шапки и слични додатоци. На пример отварањето и затворањето на чадорот значело „Оди си не сакам да те видам!“

Подароците имале значење

Кон крајот на 18 век, „очите на љубовниците“ биле популарни кај аристократите. Речиси сите (прстени, брошеви, медаљони) биле направени со минијатурни слики на очите, со цел да се зачува анонимноста на љубовниците. Често девојките им доделувале на своите избраници приврзоци со сопствена коса.

Сподели на Facebook
пати видено