Јапонија е неверојатна земја кога станува збор за изуми и продукти кои го олеснуваат начинот на живеење. Ова се само неколку нивни ‘трикови’ на кои можеме да согледаме и да ги примениме во наши услови.
1. Вежбање во јавност
Физичката култура кај нас се применува само во училиштата, зошто тоа да не се практикува и во парковите, па дури и на работните места?!
2. Навигација за подземни железници за туристи
Само уште да се изгради и подземна железница. Јапонците имаат поставено вакви табли на сите станици, со цел туристите полесно да дојдат до посакуваната дестинција.
3. Апарати за испраќање пошта
За да не мора да стоиме во ред, чекајќи да испратиме писмо по пошта.
4. Пластични чаши со коцки мраз
Ако сакате инстант ладно кафе или чај, ова е едоставно решение.
5. Диспанзер за топла вода
Кога сте излезени и немате време да подготвите оброк или чај, со овој апарат си нарачувате топла вода во истиот миг.
6. Трчање во организирани групи со бесплатен тренер
Сега знаеме зошто Јапонците се секогаш во форма.
7. Тврдо варени јајца во кутија
За да не чекате да се сварат.
8. Мијалник и казанче во едно
За да не губите дополнителен простор во бањата.
9. Апарат за нарачка на храна од ресторан
За да не мора да чекате да ве услужат на телефон или пак во ресторан, си нарачувате што сакате и ви го дистрибуираат до дома.
10. Држач за чадор на велосипед
За да возите велосипед и кога временските услови не го дозволуваат тоа.
11. Јавни бањи
Едноставно решение за оние кои брзаат, но и за оние кои се на улица и не уживаат во овој луксуз.
12. Алатка за мелење путер
Кога путерот стои подолго време во фрижидер и не можете да го намачкате.
13. Бесплатни чадори за секого
Кога надвор врне, а вие немате чадор, има во јавните објекти.
14. Автоматски систем за паркирање велосипеди
За да не мора да се мачите и да барате соодветно место каде ќе го поставите вашиот велосипед. Исто така никој не може да ви го украде.
15. Пена за разладување
Едноставно решение кога ви е топло и сакате брзо да се разладите.