Српскиот уметник Душан Кртолица почнал да црта кога имал само две години и едвај можел да држи пенкало. Сега има 15 години и веќе има 6 самостојни изложби.
Душан го сака природниот свет, тоа е неговата главна тема. Всушност, неговите цртежи на различни животни се анатомски точни. Момчето дури и илустрирало енциклопедија пред неколку години!
„Ја сакам разновидноста на животинското царство. Способноста да се прилагоди и да се промени. Цртањето отсекогаш беше игра за мене.“, вели Душан. Тој не се сеќава кое животно најпрвин го привлекло, но неговите родители велат дека тоа бил китот.
Душан обично црта по неколку часа секој ден. „Не ми е тешко, уживам во тоа.“, вели тој. Најдобриот дел? Момчето го прави тоа целосно од сеќавање. „Веќе имам слика на животното што сакам да го нацртам во мојата глава, па затоа не морам да ја гледам неговата [вистинска] слика кога го цртам.“, додава Душан.