Британска тинејџерка раскажала дека во Пакистан под закана со оружје ја присилиле да се омажи за нејзин роднина кој потоа ја силувал цели три години. Табасан Кан, која добила ново име за да ѝ се заштити идентитетот.
Нејзиниот татко бил осуден на робија поради убиство на нејзината мајка кога Табасан имала 12 години, па така таа со нејзините браќа заминала да живее кај роднините во Пакистан.
Кога пристигнала во Пакистан, ја натерале да се омажи за нејзин роднина шест години постар од неа кој потоа три години ја држел во заробеништво. Кан подоцна дознала дека бракот бил договорен за братучедот да може да побара виза во Британија. Потоа таа преку пакистанскиот суд се изборила за развод и во 2008 година успеала да се врати во Велика Британија.
Сега работи со училиштата трудејќи се да го допре прашањето за присилни бракови преку организацијата „Тоа е мое право: Не на присилните бракови.“
Сега 26-годишната девојка раскажува:
„Мислев дека во Пакистан ќе одам на одмор. Бев возбудена. Тогаш, поминаа два месеци и дојде време да се тргне на училиште. Му кажав на вујко ми дека веќе треба да се вратам, а тој постојано велеше – Остани уште малку. И така со недели. По четири месеци, тој влезе во мојата соба со пиштол и ми кажа да се омажам за мојот братучед.
Постојано одбивав, но тој ми кажа дека ако не го сторам тоа, ќе ми ги убие браќата. Бев преплашена, но почувствував дека немам избор. На свадбената ноќ, братучедот ме силуваше. Мислев дека братучедите ми се семејство. Чувствував дека тоа е многу погрешно. Три години ме силуваше секоја ноќ. Се чувствував како проститутка, заглавена во таа соба. Се срамев.“
Табасан ја повикува британската влада да стори повеќе да ги заштити девојчињата кои се праќаат во странство за да бидат присилени на брак. Таа додава:
„Во исламската култура девојката би требало да прави што ќе ѝ се каже. Заостанатите луѓе од селата во Пакистан мислат дека можат да ни прават што сакаат. Нашите животи не значат ништо. Ние сме само средство за добивање виза. Тие би сториле сѐ за да пратат некого од своето семејство овде. Ако имаат роднини во странство, се здобиваат со почит.“
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!