Девојка од Флорида, САД, се убила себеси откако на Снапчат без нејзина дозвола се појавил видео клип на кој се гледа како таа се тушира. Средношколката Тавона Холтон си го одзела животот само неколку часа откако видеото се појавило на популарната апликација. Петнаесетгодишната девојка го зела пиштолот од ташната на нејзината мајка и се застрелала во бањата во нејзиниот дом.

dv01

Нејината мајка Левон Холтон-Тимер вели дека ја испратила ќерка си да си ја расчисти собата и малку подоцна пошла да види каде е.

„Одам кај бањата, но не можам да влезам“, раскажала таа за медиумите. Ја разбила вратата и кога ја видела ќерка си, очајнички се обидувала да го спаси нејиниот живот додека таа лежела во локва крв.

dv02 dv03

Неколку часа пред да ја најде својата ќерка мртва, таа и проговорила нешто а некаква непристојна снимка која нејзините пријатели ја направиле без нејзина дозвола, при што рекла дека „им должела.“

„Реков – `Како тоа им должиш?` Не можев да разберам што е тоа што не е во ред“, вели мајката.

Ејнџел Скот, тетката на Тавона, подоцна открила дека на Фејсбук кружи видео со нејзината внука гола под туш. Таа објавила порака во која порачала дека ако некој знае нешто во врска со смртта на нејзината внука, да стапи во контакт со неа.

dv04

„Децата набргу почнаа да ми пишуваат лични пораки. Секакви ми се јавија зборувајќи за неа и нарекувајќи ја со погрдни имиња и ми кажаа дека тоа го имало и на Снапчат.“

Од играчка плачка – што рекле старите. Ете како социјалните медиуми и современата технологија нѐ прават сѐ побесчувствителни.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено