Креативните луѓе се по малку необични. Има нешто шармантно во врска со нив, бидејќи нивната креативност функционира на мистериозен начин. Инспирацијата може да дојде сосема ненадејно и неповикана најмалку кога ни треба, како и да исчезне кога најмногу ни е потребна. Се разбира, не сите креативни луѓе ја употребуваат нивната уметничка природа за добри цели. Креативното размислување е карактеристика која дефинира некои личности, но може да се промени врз основа на ситуацијата и контекстот. Креативноста подразбира сложен процес на спознавање, а сепак сосема се разликува од вообичаениот процес на размислување.
Еве некои нешта по што се карактеристични креативните луѓе.
1. Креативните луѓе се многу емотивни. Токму затоа најчесто се изразуваат себеси преку уметноста, за да ги изразат нивните чувства. Креативноста е начин да го изразат сето она што зборовите не можат.
2. Креативните луѓе имаат нивен личен поглед кон светот. Тие вообичаено гледаат и реагираат на нештата поинаку, а често знаат и да се возбудат околу нешта коишто другите луѓе ги сметаат за безвредни. На пример, многу фотографи сликаат инсекти, паднати лисја и сл. Нешта кои другите луѓе едноставно ги одминуваат.
3. Креативните луѓе се грижат за нивниот изглед и личен стил, бидејќи сакаат да изгледаат како…креативни! Носат уникатна облека со многу светли бои. Се разбира, има и многу креативни луѓе кои сакаат да се сосредоточат на нивната уметност и мразат да ја поврзуваат нивната уметност со нивниот животен стил.
4. Креативните луѓе сакаат предизвици. Лесно смислуваат начин да решат тешки ситуации бидејќи тешкотијата ги стимулира нивните уметнички мисли.
5. Креативните луѓе многу мечтаат. Затоа изгледаат како интровертни. Има повеќе причини зошто сакаат да бидат сами. Мечтаењето е една од нив.
6. Креативните луѓе се често неуредни. Сакаат нивнот место да биде исполнето со нештата кои ги сакаат, како и нивните средства за креативност да им се секогаш при рака – сликарите своите палети, платна и бои, музичарите своите инструменти итн. Премногу средената соба може да им биде здодевна.
8. Креативните луѓе можат да бидат со променливо расположение. Како што кажавме, тие се многу чувствителни што значи дека лесно се возбудуваат и разочаруваат. Нивната насмевка лесно може да премине во солзи. Затоа мора да бидете внимателни при однесувањето со нив.
10. Креативните луѓе не сакаат правила, бидејќи сакаат самите да си поставуваат свои правила! Многумина од нив се однесуваат као бунтовници бидејќи навистина не сакаат никакви ограничувања на нивната уметничка природа.
11. На креативните луѓе лесно им станува здодевно. Мора нешто да ги стимулира за да бидат активни. Нема да го посветат нивното внимание на нешто што не им се допаѓа.
12. Креативните луѓе трагаат по нови искуства. Сакаат да се изложуваат себеси на нови дразби и состојби на умот. Исто така сакаат да патуваат сами – и многу! Оваа отвореност е значаен предуслов за креативниот резултат.
13. Креативните луѓе се по малку детинести. Често на светот гледаат со очи на дете. Дел од нив и навистина никогаш не пораснува, и можеби тоа е тајната на нивната креативност – го гледаат светот со очи на дете.
14. На креативните луѓе често им се вели да најдат „вистинска“ работа. Работа со која би можеле да заработат нешто. Но, многу често тие избираат да живеат сиромашно и да го следат својот сон.
15. На крајот креативните луѓе сепак ќе го послушаат говорот на нивното срце. Иако нивниот ум често размислува сосема поинаку, креативните луѓе многу поретко се грижат за евентуалните проблеми и превземаат ризици, и прифаќаат предизвици. Тоа може да им донесе илјадници порази и неуспеси, но исто така и милион успешни приказни. И тоа е причината која ги прави толку посебни.