Нечесните луѓе секогаш се обидуваат да ги искористат туристите и ако не сте внимателни, полесно е да станете жртва отколку што мислите. Овие совети ќе ви помогнат да заштедите пари и време и да останете безбедни додека го истражувате светот.

Општо земено, овие трикови ќе помогнатполесно да се избегнат несаканите изненадувања и да се извлече максимумот од одморот.

1. Запомнете, бесплатните работи често не се бесплатни

Веројатно сте виделе уметниците што настапуваат на улиците, а некои од нив се навистина неверојатни. Но, бидете внимателни кога тие нудат да се фотографираат со вас, некои од нив може да побараат исплата подоцна. Исто така „бесплатните нараквици“ не се бесплатни. Најчесто еден продавач доаѓа до вас ви вели дека нараквицата е бесплатна и се обидува да ви ја врзе на раката, додека други се собираат околу вас. во овој момент треба да кажете „Не“ и да си заминете.

2. Понесете резервни делови

Резервни фотографии од пасош, дебитни и кредитни картички, батерии за фотоапарати – сите овие работи не заземаат многу простор, но може да го спасат вашиот одмор да стане катастрофа во вонредна ситуација.

3. Сокријте пари за итни случаи

Скришно место за чување на вонредни пари или картички може да биде навистина погодно. И можеби ќе ви треба кога најмалку ќе го очекувате.

4. Запознајте ги локалците

Запознајте ги локалните жители за да го почувствувате местото. Не размислувајте на предрасуди ако нивниот животен стил е различен од она на што сте навикнати.

5. Имајте на ум, изнајмениот мотор или скутер може да бидат украдени или оштетени

Изнајмувањето на мотор, скутер или велосипед е корисно, но има измамници кои ќе ви дадат оштетен или пак ќе организираат да ви го „украдат“ а потоа вие ќе треба да платите за тоа. Најдобро е да имате своја брава и да го оставате моторот на безбедни места.

6. Внимавајте на оштетувања на скутерот на вода

Друга честа измама вклучува скутери на вода. Кога ќе го вратите момчето ви покажува гребнатини и пукнатини, инсистира на тоа дека вие сте го сториле тоа, и вели дека сега сте обврзани да платите за поправки. Фотографирајте ги сите знаци на оштетеност пред да користите било каква опрема.

7. Земете утрински летови за помалку турбуленции

Повеќето грмотевици имаат тенденција да се развиваат во попладневните часови и навечер, затоа утринските летови се помалку склони кон турбуленции.

8. Разбудете се рано

Разбудете се рано и избегнувајте ја толпата. Утринското време е обично најдобро за фотографирање, професионалците го нарекуваат „златен час“.

9. Изберете го најдоброто време од годината

Ако немате деца од училишна возраст, размислете да одите на одмор за време на училишните денови, а местата што ги посетувате нема да бидат толку зафатени. Понекогаш може да биде добра идеја да патувате надвор од сезона за да го искористите најдоброто од вашиот одмор.

10. Научете неколку странски зборови

Нема потреба да зборувате на тој странски јазик кога патувате во друга земја, но само неколку фрази можат да направат голема разлика во вашето патување. Луѓето обично ценат кога туристите можат да кажат неколку зборови на локален јазик.

11. Земете адаптер за вашата електроника

12. Пакувајте се мудро

13. Земете си повеќенаменски работи

14. Јадете локална храна

15. Читајте за местото во кое што ќе одите

Направете малку истражување и дознајте што да не правите. Некои традиции можат да бидат многу различни од она на што сте навикнати и може да направите нешто несоодветно или дури и навредливо без дури да знаете. На пример, знакот ОК, кога палецот го допира показалецот, е сосема во ред во многу земји, но е многу навредлив во Турција.

Сподели на Facebook
пати видено