Во обидот да ги задоволат сите, вклучувајќи ги и многу богатите луѓе со нивните специфични вкусови, некои компании почнуваат да прават луксузни верзии на обични предмети, кај кои најголема улога игра само цената. Како да пример да си купите сламена шапка која вреди колку еден добар нов автомобил и многу други непотребно скапи работи.

Ранец Billionaire Boys Club, $ 1 650

4 златни ранци со дијаматнтски украси биле продадени во продавницата Billionaire Boys Club.

Ергономска канцелариска столица Xten, $ 2495

Канцеларските столици Xten Ergonomic од италијанската компанија Pininfarina ги нарекуваат „Ферари меѓу столици“. Во производството користеле посебна ткаенина Dynatec, од која се шијат костуми за олимписките атлетичари, како и специјален систем за дистрибуција на тежината кој помага да се избегнат непријатни чувства по долг престој во седечка положба.

Пуканки Berco’s со златни трошки, 2500 $

Овие пуканки се прекриени со вистински златни трошки.

Тоалет Neorest 700H, $ 6500

Овој тоалет има голем број на одлични функции, вклучувајќи вграден освежувач на воздух, греење на даската и дури и ноќно светло. Исто така е опремен со циклонски систем за самочистење.

Скејтборд Луј Витон, $ 8250

Биле изработени и продадени само 3 примерока од овој скејтборд.

Правосмукалка Electrolux Ergoripado, $ 17 122

Оваа правосмукалка е украсена со 3.730 Сваровски кристали.

Сламена шапка Brent Black, $ 25 000

Некои производи Panama Hat Company се продаваат по неверојатно висока цена, што предизвикува многу прашања.

Bluetooth-слушалка Plantronics, 50 000 $

Станува збор за златна блутут слушалка украсена со дијаманти.

Шише за вода Tributo a Modigliani, $ 60 000

Шишето е рачно изработено, од стакло, покриено со 24 каратно злато. Покрај тоа, самата вода е мешавина од најчиста изворска вода од Франција и островите на Фиџи со додавање на вода од глечерите на Исланд. И патем, водата, исто така, содржи 5 мг златна прашина.

Златен градник од Birmingham store, $ 1 000 000

Тој е изработен од Ентони Обри, на кој му била потребна една година за да го заврши.

Пенкало Aurora Diamante, $ 1 470 000

Пенкалото од италијанскиот бренд Aurora е покриено со 2 000 минијатурни дијаманти De Beers, чија вкупна маса е 7,5 g. Исто така, главните материјали на пенкалото се платина и бело злато.

Коњак Henri IV, $ 2 000 000

Ова е најскапиот коњак во светот, рецепт кој датира од 1776 година. Алкохолниот пијалак е подготвен од дирекните потомци на кралот Хенри IV. Коњакот се истура во шишиња со 24-каратно злато, украсени со 6.500 дијаманти и некои други скапоцени камења.

Кристално пијано од Heitzman, $ 3 220 000

Се произведува од канадската компанија Heitzman Pianos и е целосно изработено од кристал. За прв пат на него свирел јапонскиот пијанист Ланг Ланг во 2008 година за време на церемонијата на отворање на Олимписките игри во Пекинг.

Часовник Hallucination, $ 55 000 000

Овој дијамантски женски часовник е креиран од лондонската компанија за дијамантски накит The Graff. Ова чудо на дијаманти е плод на дизајнерската идеја на основачот на фирмата, Лоренс Граф, кој тврди дека овој часовник е скулпторско ремек-дело, прослава на чудото на обоени дијаманти.

Сподели на Facebook
пати видено