Овие „факти“ кои денес би се сметале за лудост во средниот век биле сфаќани сериозно и луѓето строго држеле до нив. Средниот век е прилично чуден период за човештвото, а очигледно тогаш било најлесно да се убедат луѓето да веруваат и во најоткачените работи.
14. Постојат мали луѓе во спермата
Да, во 17 и 18 век, научниците навистина размислувале на овој начин! Тие мислеле дека секое бебе е веќе формирано и единственото нешто што треба да направи е да порасне. И жените биле гледани само како „инкубатори“.
13. Титивилус
Во средниот век, монасите служеле како „машини за печатење“. Тие морале рачно да преработат стотици книги. Затоа не е ни чудно што понекогаш правеле грешки. Очигледно, тие не сакале да ги признаат, па направиле посебен демон наречен Титивилус. Тие тврделе дека демонот ги собирал гревовите на секој монах во вреќа, така што по смртта на монахот, ѓаволот можел да ги покаже грешките и да ги намали шансите монахот да биде во рајот.
12. Срцето било погребано одделно од човекот
Во минатото било тешко да се пренесе цело тело на локација која што била од големо значење за починатиот. Затоа луѓето ги ваделе срцата и ги закопувале на посакуваните места, а телото го погребувале на најблиските гробишта.
11. На животните можело да им се суди
Во минатото и животните можеле да бидат криминалци. тие имале вистински адвокат и биле изведени пред судија. Еднаш во Лозана гасеници биле повикани на суд затоа што јаделе растенија во некоја градина. Тие не се појавиле. Потоа на гасениците им било наредено да го напуштат градот. Исто така во тој период најмногу страдале мачките, а со намалување на нивниот број довело до зголемување на бројот на стаорците, што подоцна довело до појава на чумата.
10. Во Тихиот Океан има огромен континент
Пред многу години, различни нации верувале дека постоел антички континент во средината на Тихиот Океан што потонал. Тој имал различни имиња: Пацифида, Му или Лемурија. Легендите на Велигденскиот остров служат како индиректни докази и ја раскажуваат приказната за огромен остров кој постепено се тонел под вода и на крајот целосно потонал.
9. Крвта на гладијаторот може да излечи епилепсија
Гладијаторите на Античкиот Рим правеле крвни жртви пред борбите со боговите кои им давале сила и издржливост. Затоа луѓето верувале дека крвта на воините имала чудесни ефекти.
8. Вештерките ги чувале машките гениталии како миленичиња
Во озлогласениот “Malleus Maleficarum” се вели дека вештерките крадат машки гениталии и комуницираат со нив како да се домашни миленици. Ги ставале во гнезда и ги хранеле.
7. Злите духови живеат во зелките од Брисел
Пред да ја готват зелката луѓето правеле крс на неа со ножот и не за да може да се зготви подобро зелката туку затоа што верувале дека внатре има лоши духови од кои човекот може да се разболи.
6. Некои животни се раѓаат сами по себе
Луѓето во средниот век верувале дека глувците, стаорците, црвите и инсектите едноставно се појавувале „од никаде“, од ѓубре, нечистотија или прашина.
5. Пчелите се птици
Средновековните енциклопедии за животните можат да бидат многу интересни за читање во денешно време. На пример, пчелите биле сметани за мали и многу чудни птици кои не само што произведувале мед туку и имале војни против други непријателски групи.
4. Дабарите се риби
Прво, дабарите биле сметани за еден вид риба, а нивното месо можело да се јаде за време на постот. Второ, нивните тестиси биле многу вредни во медицината и затоа луѓето често ги ловеле.
3. Бебињата не можат да чувствуваат болка
Се верувало дека мозокот на бебињата е премногу недоволно развиен за да почувствува болка. Така, во минатото, операциите на бебиња биле направени без анестезија и ако плачеле, луѓето мислеле дека тоа се должи на лошото однесување.
2. Одредена комбинација на ноти може да го повика ѓаволот
Во средниот век, црквата забранувала одредена комбинација на звуци во музиката – тритон интервал. Оваа комбинација звучела ѓаволски. Доколку некоја личност била фатена како свири музика со тритон ја фрлале во затвор.
1. Засекување на забите
Викинзите ги засекувале забите за да се борат подобро. Кога некој воин имал такви заби се сметал за елита. Хоризонталните бразди биле направени од страна на квалификувана рака, но сè уште не е сосема јасно дали целта била декорација или идентификација.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.