Кога нешто е истрошено или расипано, вообичаено завршува во кантата за отпадоци. Тоа што повеќето од нас не го разбираат е дека многу од овие нешта се класифицирани како „ризичен домаќински отпад“, што значи дека всушност е многу опасно да ги фрлате заедно со другиот отпад. Ваквиот отпад треба да се депонира на соодветно место, и секоја цивилизирана земја треба да има посебни места кадешто ќе се рециклираат овие опасни материјали, а најдобро се започнува со тоа што ќе се запознаете со тоа што сѐ спаѓа во оваа категорија. Еве четиринаесет такви примери.
1. Батерии
Батериите, дури и истрошените, се полни со опасни хемикалии кои можат да се инфилтрираат во системите за снабдување со вода и да предизвикаат сериозни ризици по здравјето и околината доколку се најдат во депониите.
2. Светилки
Стандардните и халогенските светилки не можат да се рециклираат, но се сметаат за нетоксични, па нив можете да ги фрлате заедно со другиот отпад. Но, флуоресцентните светилки содржат токсични хемикалии и никогаш не смеат да се најдат во вашата канта за ѓубре.
3. Неупотребени лекарства
Најчесто нив ги фрламе во кантата за ѓубре или ги пуштаме во тоалетната школка, но тоа не би смееле да го правиме. Овие лекарства потоа завршуваат во почвата и во водоснабдителните системи.
4. Лименки со аеросолни бои
Спрејовите содржат хемикалии кои не би требало да се фрлаат во области кадешто има живи суштества, особено ако конзервите не се целосно празни.
5. Компјутери и електроника
Дигитални камери, компјутери, телевизори, принтери, МР3 плејери, телефони, полначи, CD-a итн., сето тоа би требало да се фрлаат на специјално назначени места бидеќи содржат опасни материи како жива, олово, кадмиум, берилиум и бром. Покрај тоа, кај нив има и скапоцени метали како злато, сребро и платина.
6. Коса (човечка и животинска)
Влакната се полни со азот. Ова може да го искористите при збогатување на вештачкото ѓубриво за вашите украсни растенија.
7. Бои
Преостанатите бои и разредувачи, како и употребените четки и валци се запаливи и оровни и би требало да се однесат на соодветна локација, по што ќе се рециклираат. Друга алтернатива е да оставите бојата да се исуши, така што ќе го оставите поклопецот отворен. Потоа може да се однесе во фабрика за рециклирање на метал.
8. Градинарски хемикалии
Хемиските пестициди, хербициди и ѓубрива се ужасни за околината и најдобро е да употребувате нетоксични алтернативи. Но ако сепак употребувате вакви, никогаш не фрлајте ги во вашата канта за отпадоци.
9. Запалки
Пред да ги фрлите запалките, погрижете се тие да бидат целосно испразнети, бидејќи течноста во нив е запалива и може да доведе до несакани последици, притоа ова не мора да се однесува само на вашата лична безбедност.
10. Топломери
Топломерите во себе содржат жива, која може да биде опасна по здравјето во случај на кршење на топломерот.
11. Средства за чистење
Освен ако не употребувате средства за чистење во домашна изработка или купувате исклучиво органски, вашите средства за чистење се полни со штетни хемикалии, кои се опасни за вашето здравје, но и за околината и останатиот жив свет со кој ќе дојдат во допир.
12. Козметика
Конвенционалната козметика содржи хемиски супстанции кои не се растворливи во вода. Дури и кога се празни, кутиите за козметика најчесто не можат да се рециклираат поради смесата од која се направени.
13. Неексплодирани петарди
Причината за внимателност со овие направи е очигледна. Пред да ги фрлите, задолжително оставете ги потопени во вода преку ноќ, а потоа завиткајте ги во најлонска ќеса.
14. Лепила
Лепилата содржат разредувачи и други отровни хемикалии. Пред да се однесат на соодветно место, тие треба да се остават да се исушат, исто како и со боите.