Повеќето училишта во светот функционираат на ист принцип: училишен автобус, училници, часови, кафетерии. Сепак постојат училишта кои се сосема различни од оние од нашето детство. Тие функционираат на посебни начини и можат да бидат корисни, забавни, но и опасни за учениците, без разлика на нивната возраст.

Филипинската академија за сирени, Боракај

Така во ова училиште ќе станете вистинска Ариел или Посејдон. Во училиштето одат деца и возрасни, во зависност од програмата.

Зоолошко училиште во Сан Антонио, САД

Целта на оваа училиште е девата да ја ценат природата и да развијат социјални и моторни способности. Малите деца поминуваат скоро половина ден во зоолошката и се запознаваат со животните преку игра и предавања.

Ривер Плејт, Буенос Аирес

Во Буенос Аирес, Аргентина, има едно училиште во еден од најпопуларните фудбалски стадиони во земјата. Часовите често се одржуваат за време на игрите, а децата можат да ги гледаат низ прозорец.

Село Atule’er

Во Atule’er, Кина децата со ранците се качуваат по небезбедни лози за да стигнат до нивното училиште. За оваа „авантура“ им се потребни 90 минути. Сега училиштето има интернат, односно децата си доаѓаат дома само два пати во месецот.

Шумска градинка

Ова се предучилишни установи, каде што децата можат да играат и да учат во природна средина, а не во здодевни училници. Иако може да изгледа дека децата само се забавуваат таму, образовниот процес е изграден така што тие учат уметност, комуникација и математика.

Основното училиште Гулу, Кина

Гулу е веројатно најоддалеченото училиште во светот. Тоа се наоѓа во провинцијата Сичуан, речиси во облаците, а патувањето во еден правец трае 5 часа.

Колеџот за погребни служби Гуптон-Џонс, Атланта

**This is a senior restorative art project created for a grade. Great presentation done by senior student @l.nixon16.

A post shared by Gupton Jones College (@guptonjonesscholars) on

Да, ова е училиште за оние кои одлучиле да градат своја кариера во погребна служба. На колеџот Гуптон-Џонс, тие учат сè од потребните практични вештини за етичко однесување за да им помогнат на луѓето да се справат со смртта на некој близок.

Орестад Гимназија, Данска

Сите сме навикнати на училници, но оваа зграда е самата училница. Бидејќи училиштето е медиумско ориентирано, сè тука е дизајнирано да ги подучува учениците за флексибилно размислување и да создаде удобна атмосфера на учење.
Има огромни „тапани“ опремени со меки перничиња, каде што учениците можат да се поделат во групи за изведување проекти, домашна работа или да уживаат во нивните паузи.

Училиште за шармирање за змии, Индија

Вади луѓето почнуваат со нивното 10 годишно образование за шармирање на змиите уште од најрана возраст, поточно кога детето има само 2 години. Девојките учат да се грижат за змиите, додека момчињата треба да станат вистински шармери.

Зелено училиште, Бали

„Најзеленото училиште во светот“, кое се наоѓа во џунглата, се води според принципите на радост, страст, љубезност и правење разлика. Зградата е направена од бамбус за да се зачува убавината на природата и животната средина и да се научат децата да ја чувствуваат природата и да се грижат за неа. Покрај вообичаените училишни активности, на учениците им се дава шанса да пробаат нешто ново во различни области и да се подготват за реалниот живот.

Училиште под мостот, Делхи

Ова училиште, создадено од Рајеш Кумар Шарма, е за сиромашните семејства кои не можат да си го дозволат образованието на своите деца. Бесплатно е, со волонтери кои даваат часови на хинди, англиски јазик и математика за да им дадат шанса за подобра иднина на децата.

Училишта за „лов за сопрузи“, Јапонија

Поради кариерата и технологијата, многу жени од Јапонија кои ја надминале нивната 30 година посетуваат училишта каде што учат како да ги освојат мажите.

Гондола мостови, Непал

Реките во Непал можат да бидат незгодни. За време на голема плима, тие не можат да се преминат пеш. Ова е причината зошто децата во Непал треба да користат “tarpuls” – жични или гондолски мостови. Овој начин на транспорт може да доведе до повреди на рацете или дури и смрт, но другиот избор е да останете изолирани со недели без никакви шанси за образование.

Училиште за Дедо Мразовци, Мичиген

Несомнено може да ги прашате овие момци каде започнува бајка. Чарлс В. Хауард Училиштето за Дедо Мразовци е најстарото – постоело од 1937 година и се нарекува и Харвард за Дедо Мразовци. Учениците учат да зборуваат, да се смеат, да се облекуваат, да се однесуваат и да се радуваат на секое дете на светот како вистински Дедо Мраз.

Сподели на Facebook
пати видено