Секој си има свој сон, а кога нашиот сон ќе се оствари сакаме да врескаме на сиот глас и да им кажеме на сите за нашата среќа.
Денес приказните за остварување на соништата полесно се споделуваат преку социјалните мрежи и инспирираат насмевки на нашите лица. Овие луѓе решиле да го споделат со светот најдобриот ден од нивните животи.
1. Нејзиниот очув официјално е нејзин легален татко, откако ја одгледал од 9-годишна возраст
2. „Откако ми кажаа дека нема да преживее и помина 8 месеци во болница, моето девојче наполни 1 година.“
3. Брајан бил прифатен на најдобриот факултет за медицина, иако татко му е зависник од мет
4. Без коса по хемотерапија до првата фризура по борба со болеста
5. Откако нејзината мајка имала мозочен удар мислеле дека нема да доживее да ја види ќерка си пред олтарот. Ова се тие на денот на венчавката.
6. Колин Кларк е лице со Даунов синдром и тој сонувал да стане бодибилдер, а сега работи во фитнес центар
7. Оваа девојка доаѓа од сиромашно семејство со 10 браќа и сестри, таа сега работи во една од првите 4 сметководствени фирми, Делоит.
8. Пријателот го спасил кога сакал да се самоубие на 16 години. Сега работи како психолог за деца и им помага да станат силни и самоуверени.
9. Гарет ја изгубил ногата поради ракот. 3 години подоцна се натпреварувал на маратонот во Лондон, иако бил смртно болен на 26-годишна возраст.
10. Овој човек работел 16 години за да победи на овој натпревар.
11. Ја посетувал оваа продавница скоро секој ден кога бил дете, сега неговите игри се продаваат таму
12. 7-годишната Анаја Елик е родена без раце. Таа освоила национална награда за најдобар ракопис
13. Поради верски и културни разлики, нивните семејства силно се противеле на нивниот брак. По 8 години љубовта победила.
14. Во 2011 Моролаке Акиносун објавила дека во 2016 ќе дипломира и ќе оди на Олимпијадата. Во 2016 дипломирала и заминала на Олимпијадата во Бразил каде што освоила златен медал.