Четиринаесетгодишно девојче од Индија умрело откако по вторпат било силувано од истиот човек кој ја нападнал и минатата година. Нејзинотот семејство изјавило дека силувачот ја присилил да пие некаков вид киселина, ја врзал со јаже и неколку месеци постојано ја силувал , по што девојчето починало во болница во Шринагар.

sl01

Силувачот бил пуштен условно во очекување на судскиот процес за првото силување кое се случило во декември минатата година. Веќе во мај го киднапирал девојчето и два месеци го држел во заточеништво.

„Цели два месеци таа страдала секој ден. Ја терал да пие хемикалии, поради што таа не можеше да јаде ништо. И пиењето болка ѝ предизвикуваше толку многу болка. Поваќаше крв“, раскажува нејзиниот вујко. „Само еден е уапсен, додека четворица од напаѓачите се шетаат на слобода. Сакаме сите да бидат уапсени и казнети.“

sl02

Во Индија зачестија појавите на групно силување, при што покрај овој случај, актуелен е и случајот со силување на туристка од Израел.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено