Сите сме искусиле некој „културолошки шок“ барем еднаш во животот. Кога би отпатувале во Египет на пример, би се збуниле кога ќе дознаеме дека невестата ја штипат нејзините пријатели пред свадбата за да и донесат среќа.

И покрај тоа, секоја традиција може да не научи нешто вредно за земјата и за нејзината култура.

1. Нема тоалетна хартија, Индија

Наместо тоалетна хартија во тоалетите во Индија има кофа со вода која можете да ја користите за да се замиете.

2. Нема користење на тоалетот по венчавката, Индонезија

Во заедницата на Тидонг во Индонезија, на брачната двојка не ѝ е дозволено да оди во бањата 3 дена по венчавката. Ако го сторат, тоа се смета за лоша среќа за нивниот брак.

3. Ги поздравуваат другите со плукање, Масаи

4. Не подарувајте жолта роза, Мексико

Во Мексико, подобро е да се држите до традиционалната црвена роза, а не жолта роза, што значи смрт во мексиканската култура.

5. Кршење чинии пред свадбата, Германија

Неколку недели пред германската свадба, се одржува традиција позната како Polterabend. Гостите на двојката им носат чинии кои ги кршат во домот на двојката. Потоа, невестата и младоженецот мора да го исчистат хаосот, чин за кој се верува дека ќе донесе среќа и ќе поттикне тимска работа за нивниот претстоен брак.

6. Фрлање цимет на самци, Данска

Стара традиција од 16 век која налага да се фрла цимет врз оној кој останал без партнер на својот роденден. Ова потекнува од трговците со зачини кои поради патувањата немале време да се оженат.

7. Доцнење, Венецуела

Без разлика дали присуствувате на настан, средба или забава во Венецуела, вообичаено е луѓето да пристигнат подоцна од првично планираното.

8. Не ги чукаат чашите во Унгарија

Оваа историска традиција доаѓа од 1848 година, кога Австрија ја поразила унгарската револуција и го прославиле тоа со чукање на чашите.

9. Каснување од куршум-мравки, Бразил

Во бразилското племе Сатер-Маве, кога едно момче доаѓа на одредена возраст, мора да изведува традиционален танц додека носи ракавици исполнети со куршум-мравки.

10. Банџи скок за добра жетва, Вануату

„Нуркање во земја“ е ритуал што го изведуваат мажите од јужниот дел на островот Пентекост, Вануату. Овој претходник на банџи скок е прилично пожесток од современата верзија. Тука мажите скокаат од дрвени кули од околу 20 до 30 метри, со две лози, завиткани околу глуждовите. Повеќе видете тука.

11. Носење на смешни капи кога сте сингл, Франција

Во Франција, на 25-ти ноември се слави Сент Кетрин, заштитничка на невенчаните жени. На овој ден, жените кои достигнале 25 години носат зелени и жолти капи кои означуваат мудрост и вера.

12. Фрлање на мебелот од прозорецот, Јужна Африка

Во новогодишната ноќ многу земји прославуваат со огномети, додека во Јужна Африка опстојува поинаков вид традиција од крајот на апартхејдот. За да ја дочекаат новата година, луѓето го фрлаат мебелот од прозорците и по улиците. Оваа традиција се следи од страна на полицијата.

13. Деловни средби во сауна, Финска

Сауната е голем дел од финската култура, служејќи не само како историско место за раѓање, туку и како место за разговор за деловни прашања, па дури и за политика.

Сподели на Facebook
пати видено