Верувате ли во духови? Според легендите, духовите се души на покојници кои умреле од насилна, неочекувана смрт, или пак се закопани на несоодветно место и не можат да се упокојат сѐ додека не се реши мистеријата. Во оваа листа се вброени приказни за жени духови кои ги тревожеле локалните жители.
1. Безглавата калуѓерка
Датирајќи се во почетокот на 18. век, оваа приказна раскажува за една француска благородничка која била пратена во Канада да се закалуѓери, но по пат ја изгубила главата…буквално. Велат дека нејзиниот дух сега скита по шумите околу Френч Форт Ков барајќи ја својата глава.
2. Белата дама
Ова е еден од најпопуларните призраци „видени“ од стотици луѓе со текот на годините. Се верува дека дух на девојка која си го одзела животот и сега скита по патиштата како предзнак за смрт на тие кои ќе ја видат.
3. Олива Томас
Оваа девојка починала на 25-годишна возраст откако случајно испила живин бихлорид наменет како лек за сифилисот на нејзиниот сопруг. Сега наводно го опседнува театарот Њу Амстердам во Њујорк, флертувајќи со мажи за веднаш потоа да исчезне. Нејзината приказна до таа мера станала дел од театарот што сценските работници пред да ги изгаснат светлата и да си заминат, го изведуваат суеверниот ритуал велејќи „до видување, Олива“.
4. Сивата дама
Во Велика Британија се раскажуваат приказни за сив дух на жена кој кружи насекаде низ земјата. Спомната е дури и во серијата филмови со Хари Потер. Неодамна е снимена фотографија на која наводно е снимена во замокот Дадли во Англија.
5. Кафеавата дама од Рејнам Хол
Дамата Дороти Валпол живеела маченички живот со нејзиниот насилен сопруг. Кога тој дознал дека таа има љубовна врска, тој ја заклучил во нивниот дом кадешто таа на крајот умрела од големи сипаници. Луѓе кои подоцна го посетиле домот тврделе дека го виделе нејзиниот дух како скита наоколу. Во 1936 еден наводно успеал да ја слика како се симнува од скалите, иако многумина велат дека сликата е лажна.
6. Врискачката Џени
Џени била сиромашна жена која живеела во колиба близу железницата во еден град во Западна Вирџинија, САД. Една ноќ, додека се топлела крај огнот, ѝ се запалило здолништетот и не успеала да ги изгасне пламените. Врискајќи се стрчала по шините кога наеднаш ја удрил воз. Оттогаш на секоја годишнина од нејзината смрт се појавува како огнена топка која вриска.
7. Ан Болелин
Како и повеќето жени на кралот Хенри VII, и животот на Ан завршил со обезглавување кога не успеала да му роди машко дете кое ќе го наследи. Почнувајќи веднаш по нејзината смрт во 1536, многу луѓе тврделе дека го виделе нејзиниот дух како скита по Лондонската кула.
8. Беловата вештерка
Оваа туристичка атракција од Тенеси, САД е именувана според семејството кое наводно го измачувала. Измачителот бил духот на жената по име Кејт Бетс. Кога била жива, таа имала земјишен спор со Џон Бел и по нејзината смрт нивните сметки сѐ уште не биле расчистени. Една ноќ децата на Џон биле нападнати од невидливи раце, а потоа Џон бил отруен, за потоа за време на погребот да се чуе непознат глас како пее песни за пиење.
9. Мадам Мери Делфин Лалори
Се смета дека таа била еден од првите сериски убијци во САД. Еден ден нејзиниот дом бил зафатен од пожар и се открило дека зад една заклучена врата се скриени телата на неколку робови кои таа ги измачувала до смрт. Гонета од бесната толпа, успеала да избега во Париз, но многумина веруваат дека нејзиниот дух е осуден на вечно скитање во нејзиниот бивш дом. Според кажувањата, често била видувана врз бебиња и деца со камшик во рацете.
10. Крвавата Мери
Според познатата легенда, кога во темница ќе застанете пред огледало држејќи една запалена свеќа и три пати ќе изговорите „крвава Мери“, ќе се појави нејзиното лице. Потеклото на оваа легенда е непознато, но според некои теории се работи за дух на жена судена за вештерство во Салем, според други е духот на кралицата Марија I кој е казнет на вечно скитање поради нејзиното гонење на протестантите, а според трети е анонимна жртва на злобен убиец.
11. Сината дама
Посетители на Мос Бич Дистилери Кафѐ во Калифорнија тврдат дека биле сведоци на појавата на призрак во син фустан од времето на прохибицијата. Според кажувањата, духот е на омажена жена која работела како пијанист во локалот и била убиена додека шетала на плажата со нејзиниот љубовник. Оттогаш вработените и посетителите го забележувале нејзиниот дух како го бара изгубениот љубовник, како крева предмети во воздухот и прави мистериозни телефонски повици.
12. Кучисаке Она
Името на оваа урбана легенда на јапонски значи „жената со расечена уста“. Приказната почнала да кружи во седумдесеттите и во неа се раскажува за жена дух чиешта сепороди о лице било расечено од уво до уво. Според кажувањата, кога ќе начекала само дете, ја вадела хируршката маска прашувајќи дали е убава. Ако детето одговорело со „не“, го убивала, а ако одговорело потврдно, ќе направела да изгледа како неа.
13. Црната Аги
Оваа морничава статуа е поставена над гробовите на генералот Феликс Ангус и неговата сопруга на гробиштата Друид Риџ во Мериленд, САД. Според кажувањата, ноќе често се забележуваат призраци со светкави очи, што дури довело до тоа гробот да биде откопан.