Сексот е супер работа, дури и науката се согласува со тоа. Ако ви треба добра телесна вежба или сакате да изгледате помлади, не барајте премногу, бидејќи решението е многу едноставно.
1. Оргазмот го зголемува крвотокот во сите делови на мозокот, и истражувачите велат дека тоа е подобра умствена вежба од било кој крстозбор.
2. Сексот ослободува дехидроепиандростерон, природен стероид кој ве одржува млади.
Истражувањата покажале дека двојките кои имаат секс барем трипати неделно изгледаат десет години помлади од тие кои не прават така.
3. Според д-р Џени Лесли, сексот може да ги олесни симптомите при менструацијата. Мускулните контракции кои се јавуваат за време на оргазмот ги опуштаат мускулите во матката, а тоа значи полесни, пократки менструални периоди.
Истражувачи од универзитетите Колумбија и Стенфорд откриле дека жените коишто имаат секс барем еднаш неделно имаат поредовни и попредвидливи менструални циклуси.
4. Се утврдило дека вагиналната стимулација ги запира болките во грбот, нозете, па дури и главоболките. Е нема веќе оправдување „ме боли глава“.
5. Истражувањата покажуваат дека редовниот секс е добар за вашата кожа.
Д-р Елизабет Танзи, директор на Вашингтонскиот институт за кожна ласерска хирургија во Вашингтон изјавила дека „редовниот секс го подобрува крвотокот и го намалува лачењето на хормони на стрес, а тие хормони се катастрофални за кожата.“
6. Д-р Деби Хербеник открила дека утринскиот секс го подобрува расположението и имунитетскиот систем подобро отколку што би го направило било кое утринско кафе.
7. Луѓето кои имаат редовен сексуален однос имаат понизок крвен притисок.
8. Окситоцин, хормонот одговорен за создавањето на чувства на љубов, кај мажите се засилува после секс. Со зголемено ниво на окситоцин, како што покажуваат истражувањата, мажите поретко ги изневеруваат саканите. Така велат научниците.
9. Мажот колку почесто ејакулира, толку помали се ризиците за појава на рак на простатата.
Едно истражување покажало дека мажите коишто имале повеќе од 20 сексуални партнери во текот на нивниот живот имаат 28 отсто помали шанси да добијат рак на простатата.
10. Сексот може да спречи настинка
Го зголемува нивото на антителото наречено имуноглобулин, кој може да ве заштити од настинки и грип.
11. Сексот се смета за умерена вежба и согорува четири калории во минута кај мажите и три калории во минута кај жените.
Сексуалната активност е еднаква на играњето тенис или одењето по угорнина.
12. Едно истражување покажало дека часови по оргазмот, жената чекори со поголема самодоверба од вообичаено.
13. Мажите кои имаат редовен секс имаат 45 отсто помали шанси да развијат срцеви заболувања опасни по животот.