Многу е важно редовно да го тренирате вашиот мозок. Затоа обидете се да ги решите наредните 13 прашања кои со сигурност ќе бидат одлична “фитнес” вежба за вашиот ум.

(Доколку се откажете и сакате да го видите точниот одговор, напишан е со бели букви под секое прашање. Само треба да го селектирате текстот.)

Според Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт овие два патника не смеат да седат заедно во ист ред во авионот. Кои се тие ?

Одговор:  Мачки и кучиња

Група жени се качуваат во локален автобус и сите седнуваат  во задниот дел од автобусот иако автобусот е празен. Зошто го прават тоа ?

Одговор:  Дејството се случува во Иран. Во Иран малите деца од двата пола и жените мора да седат во задниот дел од автобусот.

Во 1445 луѓето од Москва мислеле дека започнува апокалипсата затоа што сите црквени ѕвона почнале истовремено, сами да ѕвонат. Истото се случило во 1091 во Киев и 1802 повторно во Москва. Која е причината за оваа “апокалипса?”

Одговор: Земјотрес

Во минатото низ Европа скоро сите сопственици на кучиња им ја сечеле опашката на кучето без разлика на неговата раса. Зошто?

Одговор: Тогаш постоел данок за должина на кучето, колку подолго било кучето, толку поголем бил и данокот и поради тоа сопствениците им ги сечеле опашите.

Секој ден нашата планета станува потешка за 60 тони. Од што се состојат тие 60 тони ?

Одговор: Космичка прашина.

Што е заедничко за Русија, Турција и Египет ?

Одговор: Сите лежат на два континента.

Пред 1941 година на далтонистите им било забрането да служат војска, но за време на Втората светска војна тие станаа едни од најпопуларните кандидати. Зошто?

Одговор: Далтонистите лесно можеле да ја забележат камуфлажата, затоа што не биле збунети од боите.

Со допирање/поместување само на една чаша како ќе ги направите чашите да бидат наизменично полни и празни ?

Одговор: Сипете го сокот од втората во петтата чаша.

Оваа река во Орегон, САД го држи гинисовиот рекорд за најкратка река во светот (130 метри). Нејзиното име почнува со Д и најверојатно исто така е најкраткото име за река. Кое е името на реката?

Одговор:  “Д” река.

Овој мал град во  Андалузија, Шпанија го има првото пристаниште во историјата кое почнало да им наплаќа на трговците за користење на пристаништето. Како се вика градот?

Одговор: Тарифа.

Во 1965 година Пеле добил златен медал од Министерството за образование во Бразил за неговата автобиографска книга „Пеле“. Зошто книгата имала влијание на образованието?

Одговор: Илјадници неписмени Бразилци научиле да читаат само со цел да ја прочитаат автобиографијата на Пеле.

Во Свациленд никогаш не смее да се прекинува сенаторот кога прави една работа за време на парламентарски собир затоа што тој можеби во моментот се консултира со големите предци. Што прави тој?

Одговор: Спие.


Некои африкански племиња од Сахара закачуваат торбички полни со инсекти на нивните нозе кога одат да ловат навечер. Зошто им е потребно такво нешто?

Одговор:  За да си го осветлат патот (ставале светулки во торбите)

Сподели на Facebook
пати видено