Има актери, кои ги познаваме со години, па дури и децении. Тие глумат во нашите омилени филмови и серии и се чини дека воопшто не се менуваат со возраста.
Многу од нив станаа популарни во доцните 90-ти, и секоја година нивната слава расте сè повеќе и повеќе. Но, на некој чуден начин успеале да останат млади како што биле пред 10-20 години.
1. Џенифер Лопез
Очигледно Џенифер не се променила во изминатите 15 години. На 48 години таа сѐ уште изгледа неверојатно. Таа има неколку „тајни“ за убавината. Секој ден вежба јога и медитира. Нејзината исхрана исклучува алкохол, пржена и масна храна, како и кофеин. Исто така вели дека спие по 10 часа.
2. Џеред Лето
Тешко е да се поверува дека овој убавец со небесни очи има 46 години. Малкумина знаат дека актерот и пејач Џеред Лето е вегетаријанец: според него, овој стил на живот ја задржува младоста.
3. Гвен Стефани
Популарната песна Don’t speak оваа година полни 23 години, а исто така и пејачката воопшто не се сменила. Гвен води здрав начин на живот, јаде органска храна и спортува фитнес и бокс.
4. Хали Бери
Хали Бери продолжува да зачудува со својата прекрасна форма и совршена кожа, и покрај тоа што има 51 година. Актерката почнала внимателно да ја следи својата исхрана откако лекарите ѝ дијагностицирале дијабетес.
5. Гвинет Палтроу
Гвинет со текот на годините станува поубава. По спонтаниот абортус, нејзиниот лекар ја советувал да ги исклучи повеќето од штетните производи: леб, вино, шеќер.
6. Кијану Ривс
Рив веќе има над 50 години и само неколку бели влакна. Актерот секој ден вежба во теретана, а негово хоби е и сурфањето и јавањето коњи.
7. Кејт Винслет
Кејт Винслет практично не се менува со возраста. Таа изгледа прекрасно како што ја паметиме од Титаник. Актерката не се придржува до специјална диета, но пред важните настани таа организира денови за постење. Исто така сака сама да готви.
8. Лив Тајлер
Лив изгледа како девојчето кое што беше на почетокот на нејзината кариера. Таа секојдневно се грижи за нејзиниот изглед, осбено за кожата на лицето.
9. Габриел Јунион
Возраста речиси не влијае на нејзиното лице и карактер. Самата актерка верува дека нејзините навики ѝ овозможуваат да оди на состаноци со млади момци. Габи, исто така, не сака да става шминка во секојдневниот живот и дневно пие 1,5 литри чиста вода.
10. Елајџа Вуд
На директни прашања во врска со неговиот изглед, актерот не одговара, но често се шегува. Можеби навистина ја знае тајната на вечната младост.
11. Ева Мендес
Секое утро актерката не го започнува со кафе, туку со чаша топла вода со сок од лимон. За капење, Ева преферира да користи исклучиво розова вода, која совршено ја навлажнува кожата.
12. Џенифер Анистон
Ние сме толку навикнати на фактот дека Џенифер Анистон е секогаш млада и свежа, што веста за нејзиниот последен 49 роденден може да нѐ изненади. Спорт, здрава храна, витамини и јаболков оцет наутро – сето ова ѝ овозможува на Џен да не подлегнува на промени поврзани со стареењето.
13. Фарел Вилијамс
Во неговите 45 години, Фарел Вилијамс изгледа како да има само 25. Самиот рапер тврди дека треба да останете среќни и да плескате со рацете, тоа е неговиот рецепт за младоста.