Покрај најпознатите мистерии за вонземјани, духови, Големото Стапало, чупакабра, чудовиштето од Лох Нес итн. во кои се зборува за натприродни суштества и сили, постојат мистерии коишто можат да се објаснат со појавниот овоземен свет, но коишто се подеднакво морничави и вознемирувачки. Листата којашто следува се состои од вистински случаи коишто долго време ја мачеле јавноста како и многуте истражувачи, и на некои начини се страшни на начини за коишто Холивуд би можел само да сонува.

1. Смртта на Елиза Лам

Во 2013 година, еден хаусмајстор го нашол голото тело на дваесет и едногодишна жена како плута со лицето нагоре во еден од покривните водени резервоари во хотелот Сесил во Лос Анџелес, откако гостите се пожалиле на слабиот воден притисок. Жената била идентификувана како Елиза Лам, студентка од Канада. Нејзината смрт била определена како несреќа од страна на судскиот иследник на Лос Анџелес и покрај тоа што околу инцидентот имало некои чудни околности. По сѐ изгледа, властите верувале дека таа претрпела некаков вид на ментален слом, веројатно биполарно растројство, некако добила пристап до заклучениот покрив без да го покрене алармот, се искачила во резервоарот и се удавила.

Но, полицијата исто така нашла и снимка од видео надзорот, на којашто се прикажани дел од последните мигови на нејзиниот живот. На видеото Лам покажува крајно чудно однесување, при што се чини дека се крие од нешто и прави чудни движења. Ова довело до секаков вид на интернет теории, вклучувајќи и демонска опседнатост, духови во хотелот, а со оглед дека Сесил хотелот во неодамнешното минато бил престојувалиште на двајца сериски убијци, од коишто едниот е злогласниот Ричард Рамирез, познат под прекарот „ноќниот демнач“, постои веројатност дека таа била убиена.

Додека го гледате видеото, имајте едно на ум: При аутопсијата на телото не биле најдени никакви трагови на дрога или алкохол. Исто така вреди да се истакне дека според извршниот продуцент Рајан Марфи, најновата сезона на „Американска хорор приказна“ е инспирирана од историјата на хотелот Сесил.

2. Убиствените полиња во Тексас

ms01

Се верува дека во последните четири децении повеќе од 459 смртни случаи и 41 убиства во обид се поврзани со сериски убијци кои ги користат автопатите за да ги најдат нивните жртви и потоа да ги фрлат нивните тела. Во периодот од 1970-те до 1990-те биле најдени повеќе од триесет тела по меѓудржавниот пат бр. 45 помеѓу Хјустон и Галвстон. Жртвите се од женски пол, повеќето во нивните тинејџерски години и биле најдени во област со вкупна површина од 1 km² во близина на Тексас Сити. Дали убиствата се дело на еден или повеќе убијци кои го користеле тој простор е непознато. Но, еден човек бил обвинет за убиството на една од најдените жртви.

Во 1986 година било најдено телото на тринаесетгодишната Кристл Џин Бејкер, под еден мост во областа. Таа била тепана, силувана и потоа задавена. Во 2010 година во Луизијана бил уапсен Кевин Едисон Смит за неповрзано злосторство, но бил земен примерок од неговата ДНК, кој се совпаднал со дамките најдени на фустанот и долната облека на Бејкер.

Тој регион бил наречен „Зона на смртта“. Десетици жени исчезнале во областа помеѓу Хјустон, југоисточен Тексас и Шривпорт, северна Луизијана.

3. Чикашките убиства со тиленол (парацетамол)

ms02

Тоа започнало на 29. септември 1982 година, кога дванаесетгодишно девојче од Елк Гров Вилиџ, Илиноис, се пожалило на болки во грлото и растечен нос. Родителите на Мери Келерман ѝ дале една капсула парацетамол. По неколку часа таа умрела. Истиот тој ден, Адам Јанус од Арлингтон Хајтс, Илиноис, умрел од нешто што изгледало како масивен срцев удар. Стенли, братот на Адам, и неговата сопруга Тереза се собрале заедно со другите членови на семејството да ја тажат неговата смрт. Во еден момент Стенли и Тереза зеле капсули парацетамол од истото шишенце кое го користел и Адам, и набргу и тие умреле. Во текот на следните неколку дена умреле уште тројца здрави луѓе откако зеле парацетамол.

Иследниците ја увиделе врската со парацетамолот и тоа предизвикало паника. Кој и да бил виновникот (или виновниците), ги тргнал пакувањата парацетамол од продавниците, ги наполнил капсулите со калиум цијанид и потоа ги вратил на полиците во аптеките и продавниците. Ова довело до тоа „Џонсон и Џонсон“, сопственикот на брендот тилеонл, да спроведе едно од најголемите повлекувања на производи во историјата, а инцидентот бил причина да се воведе норма за непробивно пакување не само на лекарствата. Седум луѓе од Чикаго биле убиени со парацетамл кој бил затруен со калиум цијанид, а до ден денес сѐ уште не се најдени директно одговорните за злосторството. Еден човек, Џејмс Вилијам Луис, бил осуден на десет години затвор за изнудување пари во врска со злосторството. Луис пратил писмо до „Џонсон и Џонсон“ барајќи еден милион долари во замена за запирање на труењата. Но, дали тој навистина бил поврзан со злосторството или само сакал да ја искористи ситуацијата во своја корист останало непотврдено. Според извештаите, обвинителите верувале дека Луис е одговорен за смртните случаи, но немало доволно докази да го обвинат за убиство.

4. UVB-76

UVB-76, или „Брмчалото“ е радио станица кратки радио бранови којашто емитува постојано брмчење на фреквенција од 4625 kHz, и тој звук го емитува со постојана силина веќе триесет години. Американците следејќи го изворот на радио брановите откриле дека потекнува од Русија, и во многу ретки прилики брмчењето го поврзува глас кој изговара серија бројки и имиња, а потоа емитувањето се враќа на повторувачкиот звук.

На 24. декември 1997 година била снимено следното емитување:

„Јa UVB-76, Јa UVB-76. 180 08 Бромал 74 27 99 14. Борис, Роман, Олга, Михаил, Ана, Лариса. 7 4 2 7 9 9 1 4.”

На 9. декември 2002: „UVB-76, UVB-76. 62 691 ИЗАФЕТ 36 93 82 70“

На 21. февруари 2006: „UVB-76, UVB-76. 75-59-75-59. 39-52-53-58. 5-5-2-5. Константин-1-9-0-9-0-8-9-8-Татјана-Оксана-Ана-Елена-Павел-Шука. Константин 8-4. 9-7-5-5-9-Татјана. Ана Лариса Улијана-9-4-1-4-3-4-8.“

На 23. август, 2010: „UVB-76, UVB-76. 93 882 НАИМИНА74 14 35 74“

На 7. септември, 2013: „Михаил Дмитри Жења Борис. 04 979 Д-Р-Е-Н-Д-O-У-T. T-Р-E-Н-E-Р-С-К-И-Ј.”

Се појавиле многу теории зад тоа што би можело да биде целта на ова. Овие теории се движат од објаснувања дека се работи за научни цели (на пр. мерење на промените во јоносферата), до тоа дека се работи за тест сигнал со цел да се обележи фреквенцијата како зафатена. Постојат уште две руски станици кои следат сличен формат.

Доминантната теорија е дека UVB-76 е дел од мрежа радио станици коишто емитуваат шифрирани пораки на разузнавачките оперативци во определено време за да ипратат наредби за определени настани. На 18. март 2014, помалку од 24 часа откако Крим изгласа да се приклучи на Руската Федерација, на станицата се слушнало: „Т-Е-Р-А-К-О-Т-А. Михаил Дмитри Жења Борис. Михаил Дмитри Жења Борис. 81 26 Т-Е-Р-А-К-О-Т-А.“

5. Сигналот „Уау!“

 

ms03

На 15. август, 1977, Џерми Ехман забележал силен теснопојасен сигнал, триесет пати помоќен од просечната радијација од длабоката вселена, што се случило додека работел на телескопот Големо Уво на Државниот Универзитет на Охајо. На испечатената форма на сигналот Ехман напишал „Уау!“. Сигналот „Уау!“ бил извор за многу шпекулации за тоа дали се работи за вонземјански извор и според тоа за можен доказ за постоење на вонземјанска интелегенција. Доколку сигналот потекнува од вселената, најверојатниот извор, според забележаните податоци, е гроздот М55 во соѕвездието Стрелец. Во 2012 година, опсерваторијата Аресибо емитувала одговор од човештвото, содржејќи 10.000 Твитер пораки испратени во истиот правец. Но, сите обиди да се детектира сигнал или други слични на него од истиот правец од 1977 година наваму биле неуспешни. Има и други алтернативни теории за потеклото на сигналот, вклучувајќи ја и таа дека се работи за сигнал од Земјата којшто се одбил од вселенски остатоци.

Продолжува…

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено