Ако сте суеверна личност и се плашите кога црна мачка ќе Ви го пресече патот, Германец би бил среќен доколку истото му се случи нему. Менталитетот и начинот на живот во различни земји ги обликуваат верувањата на луѓето. Ова се некои од најчудните суеверија за кои нема логично објаснување.
Русија
Измет од птици значи пари.
Франција
Доколку стапнете на кучешки измет со левата нога, тоа значи среќа, а доколку стапнете со десна тоа значи несреќа.
Дагестан
Ако мува Ви падне во чинијата, очекувајте подарок.
Грција
Ако кивнете тогаш некој зборува за Вас.
Данска
Скршените садови носат среќа. Парчињата се даваат како подарок за Божиќ.
Кина
Долгите тестенини претставуваат долговечност и просперитет, затоа не треба да се преполовуваат.
Грција
Кактусот штити од лоши работи.
Германија
Доколку мачка Ви го пресече патот од лево кон десно е несреќа, а обратно е среќа.
Јапонија
Не треба да се гледате во огледалото, навечер, во темнина.
Малта
Сите часовници во црквите покажуваат различно време, за да го збунат ѓаволот.
Катар
Не се убиваат пајаците, затоа што тие го штитат домот од пожар.
Италија
Комплиментите се причината за сите катастрофи.
Шкотска
Невестата треба да биде намачкана со кал за да има среќен семеен живот.