Браќата и сестрите кои биле оковани за своите кревети во семејниот дом ја молеле полицијата за храна откако биле спасени по храброто бегство на 17-годишната сестра. Тринаесет браќа и сестри, вклучувајќи го и девојчето кое што избегало и пријавило во полиција, биле целосно прегладнети и молеле за храна и вода.
Семејството, од Перис, Калифорнија, било пронајдено од страна на полицијата од Одделот за шерифи на округот Риверсајд во неделата наутро. Не е познато колку долго тие биле оковани и затворени пред да бидат пронајдени.
Тие биле ослободени откако една од нивните сестри избегала од дома, земала мобилен телефон и повикала полиција. Полицијата ги уапсила нивните родители, 57-годишниот Дејвид Ален Турпин и 49-годишната Луиза Ана Турпин, пред да ги обвинат за тортура и загрозување на децата.
Сега е откриено дека нивните родители поднеле барање за банкрот во 2011 година и биле во долг од 500.000 долари и покрај тоа што Дејвид Турпин заработува 140.000 долари годишно како инженер.
Браќата и сестрите на возраст од две до 29 години, веднаш биле однесени во болница, откако биле спасени од просторијата со ужасна миризба. Службата за заштита на децата (CPS) и службите за заштита на возрасни (APS) пристигнале за да помогнат во истрагата. На жртвите им била дадена храна и пијалаци.
Дејвид и Луиза неодамна ги обновиле своите свадбени завети, со тематска „Елвис“ свадба во Лас Вега. Нивниот адвокат за банкрот, Иван Трехан, изјавил дека тие често зборувале за нивните деца, но тој ги нема видено. Додека соседите изјавиле дека биле прилично чудни и затворени, а некои од нив воопшто не знаеле дека децата живеат во истата куќа. Соседите кои ги виделе децата велат дека биле многу бледи и тивки.
Полицијата првин мислела дека сите 13 браќа и сестри се малолетни, но тогаш откриле дека станува збор за 7 деца и 6 возрасни.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!