Мајка објавила слики од нејзиниот 13-годишен син од болница, откако тој се онесветил поради прекумерено внесување на алкохол, додека бил на училиште. Чејс Овен едвај се спасил од смрт, поради труење со алкохол, водка, откако неговата мајка Џо го пронашла онесвестен во нивната градина.
Џо вели дека син и имал 2,5 промили алкохол во крвта кога бил примен во болницата. Таа го сликала нејзиниот син во болницата за да ги предупреди останатите родители на обрнат внимание на ваквите предизвици кои децата си ги поставуваат во училиште.
Таа вели: „13 години сум родител и ова се најлошите 24 часа кои ги имам доживеано. Го пронајдов онесвестен во градината и знаев дека нешто не е во ред, кога го внесов во куќата неговата состојба се влоши. Чејс велеше дека е само уморен, но не можеше да зборува и почна интензивно да повраќа.“
Првин болничарите мислеле дека Чејс имал некој напад или пак мигрена, но кога пристигнал токсиколошкиот извештај сите биле запрепастени. Било откриено дека „популарните“ деца во училиштето внесувале водка во училиштето во шишиња од Кока Кола и им давале на другите деца за да можат да се „вклопат со нив.“
„Тој сакал да ги импресионира децата и тоа можело да го одведе во смрт.“ вели Џо. Таа апелирала до сите родители да ги едуцираат децата за тоа колку може да биде штетен алкохолот.