Која е најбунтовната работа која сте ја направиле како тинејџери? Сте украле колачиња? Сте бегале од часови за да играте фудбал со другарчињата? Сте украле авион?
Едно 13-годишно момче од Кина го направило токму тоа. Младиот бунтовник е во голема неволја откако украл авион во одмаралиште, го урнал и потоа украл уште еден. Неименуваното момче, од Кина, успеало да се прикрадне на пистата преку огромен паркинг на отворено и да се „провози“ со двата мали авиони по полноќ.
Целиот инцидент бил евидентиран од безбедносните камери. Момчето ја изгубило контролата над авионот и се „залепило“ во крајната бариера на пистата. Сепак бидејќи уште не си ја научил лекцијата бунтовникот земал уште еден мал авион и направил круг со него, но за среќа овој не го уништил.
Момчето потоа се качило на велосипедот и се вратило дома. Неговиот татко и двете сестри мислеле дека пишува доашно и не биле свесни дека се разбудил за епска мисија за кражба на авион. Сега неговите родители треба да платат оштета на одмаралиштето, а од таму изјавиле дека ќе воведат подобри безбедносни мерки за вакво нешто да не се случи повторно.