Чејс Нејланд-Сквер, ученик во средното училиште Порт Ален, Луизијана, е обично момче со необично добро срце.
Тој сакал да им помогне да учениците кои немаат доволно „среќа“ како него и неговото семејство и решил да реализира еден интересен проект.
Тој го крирал ПЕМ плакарот во кој собира јакни, чевли, средства за хигиена и училишен прибор пред директорот да ги распореди на децата кои навистина имаат потреба од овие работи. Плакарот е полн со секаква облека во различна големина. Облеката се донира пред да им се предаде на учениците на кои им е потребна.
„Знам дека сите немаат работи и јас сум среќен што имам работи што другите луѓе ги немаат, и гледам на тоа како понекогаш би се чувствувал во таа ситуација? Имаше семејство од Порт Ален чиј дом беше изгубен во пожар и тие дојдоа тука и си земаа нова облека.“, вели Чејс.
На врвот на полиците сѐ до таванот се наредени кутии полни со училишен прибор. Чејс вели дека омилен дел му е да ја најде облеката и да ја сортира затоа што во тие моменти чувствува дека прави некоја разлика во неговото училиште.
ПАМ плакарот е резултат на Ученичката програма за уметност, рекреација и знаење (СПАРК), што се одвива во текот на летото и им овозможува на учениците да излезат со идеи пред да сфатат како да ги спроведат.
Младиот Чејс исто така организира вечери за постарите лица и донирал 700 пара чорапи во засолништето за бездомници.