Тинејџерот, Макс Веренка, бил а брод во езерото Грифин, во близина на Ревелсток, британска Колумбија, минатиот месец кога забележал превртено возило на дното на езерото.
Тој одлучил да ја извести неговата мајка, која му кажала дека тоа е најверојатно возило од сообраќајна незгода во 2009 година. Но откако ја известиле полицијата им кажале дека тој автомобил одамна бил изваден од езерото.
На почетокот никој не знаел за што станува збор. Поради аголот на сонцето полицајците не можеле да видат дека во езерото воопшто има автомобил. Затоа 13-годишниот Макс за да им докаже ја земал својата го-про камера и скокнал во езерото за да направи снимки од возилото.
Три дена подоцна, полицијата и една локална компанија го извлекле автомобилот од езерото, стара Honda Accord и сите биле шокирани кога во автомобилот сѐ уште било телото на жената која го возела.
Станува збор за Џенет Фарис која исчезнала во 1992 година, дури 14 години пред да се роди Макс, додека возела за да оди на свадба во Алберта. Нејзиното семејство тогаш веднаш ја известило полицијата, но во тоа време не биле пронајдени траги од автомобилот на Џенет, ниту пак од неа.
Синот на Џенет, 62-годишниот Џорџ Фарис изјавил: „Мислам дека најлошото беше што не знаевме. Ние претпоставувавме дека можеби таа излетала од патот или заспала, или се обидела да избегне животно на патот. Со оглед на тажната состојба, тоа е најдоброто од сите исходи.“
Тој вели дека му е благодарен на тинејџерот што ставил крај на долгогодишната мистерија и донел мир за него и неговото семејство, како и за Џенет која сега ќе може да биде пристојно погребана.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.