Тринаесетгодишно девојче кое тврди дека било силувано е обвинето за одмазда кон нејзиниот наводен силувач – така што го обезглавила неговиот петгодишен син.

Тинејџерката тврди дека била нападната во северната индиска држава Утар Прадеш, на почетокот на овој месец. Како што се известува, подоцна таа го киднапирала малото дете на наводниот силувач додека тоа си играло, и му ја исекла главата. По ова, против неа е подигнато обвинение за убиство, а исто така се истражува и нејзиното тврдење дека е силувана.

ind01

Според Ерам Ага, репортер на Тајмс оф Индија, девојчето кажало дека било силувано од човек по име Ринку,откако ѝ понудил коректор за чистење на мастило. Подоцна било најдено телото на синот на наводниот напаѓач, завиткано во кеса, кога кучињата го ископале половина изгореното тело од под тулите со кои го закопала телото. Оттогаш девојчето било пратено во дом за малолетници, додека нејзиниот напаѓач е притворен и се наоѓа под истрага под обвинение за полов напад врз малолетник.

ind02

Весникот цитира полицаец како извор, кој кажал дека сепак треба да се има предвид дека девојчето било зависник од дрога и често влегувало во конфликт со луѓе за најмали работи.

„Нејзината мајка е болна, а татко ѝ е работник. Таа потекнува од многу сиромашно семејство. Не постои никаква семејна дисциплина. Забележана е како зема дрога. Но, ќе се спроведе фер истрага“, изјавил полицаецот.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено