Дали сакате авантури? На овие интересни и возбудливи места ќе можете да го почувствувате адреналинот и возбудата! Без разлика дали се работи за воздушен, патен или железнички сообраќај, забавата е загарантирана!
1. Маеклонг железница, Тајланд
На прв поглед изгледа како обичен пазар во Азија, но ќе се изненадите кога ќе дознаете дека возот поминува веднаш до пазарот неколку пати на ден. Пазарот е буквално на пругата. Настанува гужва кога поминува возот затоа што сите ги тргаат производите од пругата. Овој воз е најспориот во Тајланд со брзина од 30 километри на час.
2. Аеродромот „Принцеза Јулијана“
За да може авионот безбедно да слета потребно е да е оддалечен најмалку 2.400 метри од пистата но, на аеродромот „Принцеза Јулијана“ авионите слетуваат на 2.272 метри. Исто така авионот минува над плажа и треба да избегне ограда.
3. Смртоносната пруга, Тајланд
Пругата на смртта или „Железницата Бурма“ е изградена од страна на Јапонците за време на Втората Светска Војна. Таа поминува низ густи шуми и планини. Таа го добила својот назив затоа што за време на нејзината изградба загинале 90.000 работници, цивили и 12.000 затвореници.
4. Гисборн аеродромот, Нов Зеланд
Овој аеродром е карактеристичен по тоа што на пистата каде што треба да слета авионот поминува воз. Линија Палмерстон Северен-Гисборн има возови што минуваат низ пистата во текот на целиот ден, а аеродромските и железничките власти се секогаш во синхронизација за да спречат какви било незгоди.
5. Гуолианг, тунел-пат
Лоциран во провинцијата Хенан во Кина, овој планински пат широк 3 метри бил изграден од 13 локални селани во 1970-тите. Буквално преведен како „Патот кој не толерира грешка“, тој е еден од најопасните патишта во светот.
6. Саба аеродром – најкратката писта во светот
Се смета дека е еден од најопасните аеродроми за слетување во светот, аеродромот Саба се наоѓа на 45 километри јужно од островот Свети Мартин, кој е составен дел на Кралството Холандија. Со должина од 400 метри, аеродромот Саба има најкратка комерцијална писта во светот.
7. Трен а лас Нубес, Аргентина
Железничката линија што го поврзува аргентинскиот северозапад со границата со Чиле поминува низ планинскиот венец на Андите. И таа е на 4.220 метри надморска височина, со што е на 5-то место во светот за највисока железница.
8. Железници Чанај-Рамешвар, Индија
Оваа пруга го поврзува Островот Рамешварм со копното на Јужна Индија. Пругата е многу блиску до морето и кога патниците се возат делува како возот да се движи низ водата. Овој мост е стар 103 години.
9. Кабул-Џалалабад патот
65-километарскиот автопат се наоѓа меѓу карпести планини каде што освен Талибанци нема други жители, освојувајќи ја титулата „најопасниот пат во целиот свет“. Освен од напад од Талибанците треба да се плашите и од опасните кривини.
10. Џејмс В. Далтон автопат
Автопатот Џејмс В. Далтон, исто така познат како автопатот Алјаска 11, е еден од најпредизвикувачките патишта на планетата. Автопатот долг 414 километри почнува од Елиот автопат во Фербенкс и завршува во Дедхорс во близина на Арктичкиот Океан. Долж автопатот има едвај 1.000 жители и три станици.
11. Мост на реката Витим
Реката Витим се наоѓа во Сибир и е притока на реката Лена. Мостот од 6 метри на реката едвај се вклопува во стандардно возило, а да не спомнуваме дека не постои ограда околу мостот. Мостот со должина од 570 метри често замрзнува. Преминувањето на лизгав мост изграден од ‘рѓосани метални греди и распаднати дрвени штици без ограда во еден од најстудените делови на планетата, изгледа прилично страшно.
12. Зоји Ла Пас, Индија
Планинскиот пат долг 9 километри го поврзува Кашмир со Ладак, на височина од 3.528 метри без ограда од едната страна и планина од друга страна.