Многу од нас се плашат дека ќе се чувствуваат осамени и кога ќе се раскинеме со некого, се трудиме да најдеме нов партнер. Но, можеби треба да престанеме со оваа потрага по љубов и само да се обидеме да уживаме во животот? Патем, научниците сметаат дека не сите луѓе треба да бидат во врска за да бидат среќни. Ние решивме да собереме примери за сите предности на животот без љубовен партнер. Погледнете ги и можеби ќе ја видите вашата слобода на поинаков начин.
1. Не треба да се расправате за простор во креветот
Ако има некој што го зафаќа просторот на креветот, тоа е вашето домашно милениче. Но, барем тие нема да се борат за ќебе, нели?
2. Можете да спиете до пладне за време на викендите
Ако нема нешто што сте го планирале во сабота наутро, најдоброто нешто што можете да го направите е да си дозволите добар сон. Но, постои и друга опција – може да се разбудите на 5 наутро и одите да џогирате. Сѐ зависи од вас!
3. Можете да прочитате еден куп книги
Земете копија од 50 нијанси на сива, 11 минути или пак книга за физика, можете да прочитате сѐ што сакате.
4. Имате време за учење
Што велите да научите нов јазик или да одите на часови по танго? Или можеби сте гениј програмер или физичар и едноставно не го знаете тоа уште!
5. Можете да станете шеф!
Ако не сте во врска сега, време е да направите сѐ што е можно за да ја развиете својата кариера. Да имате повеќе пари секогаш е убаво!
6. Можете да отидете на една интересна авантура
Можете да фатите лет до дождовната шума во Амазон за да барате нови видови жаби, да станете волонтер за меѓународна организација во Африка или само да се спакувате и да тргнете на пат. Секоја од овие опции е одлична.
7. Можете да бидете каде и да посакате, кога и да посакате
Оние кои не се во врска можат буквално да прават што сакаат, каде и да посакаат, со оној кого сакаат. Дали навистина ви е потребна причина да поминете повеќе време со вашите пријатели?
8. Можете да гледате што сакате
Никој нема да ви се смее бидејќи повторно го гледате Самрак или плачете на некоја сцена на некој филм. Никој не може да каже дека фудбалот е здодевен. Можете да гледате што сакате во мир.
9. Можете да имате совршено тело
Кога не сте во врска, можете лесно да најдете време да одите во теретана или на фитнес. И дури и ако сте брутален мачо, никој нема да ви суди ако одите на часови по јога.
10. Не треба да ги криете вашите преференции за храна
Можете да изберете да не готвите воопшто и да нарачате пица, да ја изедете цела и да не ја делите со никого. Никој нема да биде таму за да ви суди! Можете дури и да ги промените навиките за исхрана и да станете вегетаријанец ако сакате.
11. Можете да одите на патувањето од вашите соништа
Дали би сакале да ја посетите Италија, Индија и Индонезија? Што чекате? Купете билет и одете!
12. Можете да поставите цели и да ги постигнете
Направете го она што го направи ликот од филмот „Дневникот на Бриџит Џонс“: Напишете сѐ што сакате да постигнете во дневникот и работете на тоа да си ги остварите соништата.