Безброј прашања нѐ мачат уште од детството. Зошто нашата коса не може да има природна сина боја или зошто очите на мачките имаат таков ѓаволски сјај во мракот? Многу од работите што нè интересирале сѐ уште се прекриени со мистерија, но некои од нив ќе ви ги откриеме во оваа статија.
1. Зошто сакаме да се протегнеме кога ќе станеме од спиење?
По долг период на неактивност телото се подготвува за движење. Протегањето обично ги возбудува центрите за задоволство во мозокот.
2. Зошто инсекти летаат до светлината?
Летањето на инсекти во светлината е парадоксален феномен: забележувајќи извор на светлина, инсектот се стреми кон него, и кога се приближува, ја губи својата ориентација. Покрај тоа, светлината на овие суштества им е неопходна, бидејќи без неа не можат да ги разликуваат околните објекти, па затоа во мракот обично не летаат. Науката сè уште не успеала да одговори на ова прашање со точност од 100%.
3. Зошто има 365 дена во годината?
Всушност, бројот на денови годишно изнесува околу 365.256 дена. За да ја добиете оваа сума, треба да го поделите периодот на ротација на Земјата околу Сонцето со периодот на ротација околу сопствената оска.
4. Зошто патчињата секогаш одат заедно
Патките често градат гнезда далеку од водата и за да стигнат до неа поминуваат одреден пат. Доколку за време на тоа патување некое од патчињата се изгуби тогаш ќе бид еосудено на смрт. Затоа тие секогаш одат заедно.
5. Зошто косата не може да биде зелена или сина
Бојата на косата зависи од односот на двете „бои“ врз основа на природниот пигмент меланин – еумеланин (црна или кафена) и феомеланин (жолта или црвена боја). Резултирачката боја зависи од нивниот сооднос.
6. Зошто иако има многу гулаби не ги гледаме често нивните малечки?
Затоа што малите гулаби остануваат во гнездата додека да пораснат, а кога ќе пораснат ни изгледаат исто како и нивните родители и затоа не можеме да препознаеме дека станува збор за „млади гулаби“.
7. Зошто дрвјата не се замрзнуваат во зима
Мразот најдобро се толерира од оние дрвја кои акумулираат доволно шеќери во нивните ткива: растворени во клеточниот сок, ги штитат клетките од загуба на вода и, како резултат на тоа, од коагулација на протеини.
8. Зошто ајкулата-чекан има таква форма?
Ајкулата-чекан се храни со раи кои имаат отровни шила на нивните опашки. Тие не се плашат од шилата, бидејќи ајкулите имаат вроден имунитет кон невротоксините, но доколку ги изгуби очите за овој предатор би значело сигурна смрт. Со текот на времето, еволуцијата ја прилагодила позицијата на органите на видот така што шилестите опашки не можат да стигнат до нив. Исто така оваа позиција на очите им обезбедува подобра прегледност.
9. Зошто луѓето треперат кога им е ладно
Една од најубавите функции на самоодржување, која активно се користи од страна на човечкото тело, е да се зголеми активноста на мускулите. Кога ни е ладно, нашето тело се обидува самото да се загрее со чести мускулни контракции.
10. Зошто на мачките им светат очите во темница?
Кај многу животни, вклучувајќи ги и мачките, очите се способни да го фатат и да го искористат дури и најслабото зрачење на светлина, што се рефлектира од задниот дел на очното јаболко. Однадвор, изгледа како ѓаволски сјај, но во реалноста тоа им овозможува на животните да гледаат подобро во мракот.
11. Зошто краевите на краставицата се горчливи?
„Предците“ на модерните краставици растеле во сенките на тропските шуми и имале сладок вкус. Кога почнала да се одгледува од останатите земји краставицата дошла во „допир“ со Сонцето и почнала да „протестира“ произведувајќи супстанцијата кукурбитацин, која ја прави краставицата горчлива. Со други зборови, колку повеќе сонце, толку повеќе горчина во краставица.
12. Зошто луѓето имаат 5 прсти?
Се верува дека екстремитетите со пет прсти се наследство од предците на сите ‘рбетни суштества на планетата. Намалување на бројот на прсти, па дури и нивна целосна загуба, било можно само кај оние видови на кои, поради некоја причина, прстите почнаа да им пречат, станувајќи „излишни“. На пример, тоа се случило со коњите: средниот прст се претворил во копито, а останатите биле намалени, бидејќи тие биле пречка за развојот на копитата.