Кога денес ќе се спомне зборот „демон“, вообичаено не се мисли на рогат гремлин од пеколот. Но сепак, верувањето во демони и ѓаволи е сѐ уште раширено во нашата култура, што најчесто се одразува во хорор филмовите и урбаните приказни. Тие приказни пак влечат корен од старите верувања кои се среќаваат во христијанството, како и во други религии. Еве некои од најчесто среќаваните демони.

1. Асаг е демон од сумерската митологија кој предизвикува болести.

dm01

2. Женскиот демон Абизу е дел од еврејските хорор приказни, којашто е одговорна за пометнувањата на бремените жени. Таа самата е неплодна и децата ги убива поради завист.

dm02

3. Ронове е демон кој доаѓа на Земјата да се храни кога на луѓето им доаѓа времето за умирање.

dm03

4. Барбатус е војвода од пеколот кој на луѓето им дава способност да зборуваат со животни и им помага на пиратите да ги најдат нивните закопани богатства.

dm04

5. Кралот Белет е моќен крал од пеколот кој заповеда со многу демонски армии. Се вели дека кога јава, се слушаат секакви видови на музика во исто време, а исто така напишал и многу зла книга за математиката.

dm05

6.Војводата Елигос го знае исходот на сите идни војни. Тој има змиска опашка и јава на коњ кој го украл од Рајската градина.

dm06

7. Буер наводно е „претседател“ на пеколот. Тој е особено наклонет кон отровните билки.

dm07

8. Според христијанската митологија, Агарес е стар човек кој јава на крокодил со јастреб на неговата десна рака. Тој ги учи луѓето да зборуваат на многу јазици, но само клетви и пцовки.

dm08

9. Кралот Пајмон е еден од најверните следбеници на Луциер. Кога некој ќе налета на него, мора да одговори на крајно лични прашања за му удоволи и биде пуштен да си врви по патот.

dm09

10. Ака Мана од зороастриските легенди има контрола врз сексуалниот глад и алчноста преку кои им го одвлекува вниманието на луѓето спречувајќи ги да се остварат преку добрина. Затоа најчесто е претставуван како ги контролира луѓето како марионети.

dm10

11. Полудница е зол дух од словенската митологија која талка по полињата напладне и убива кого ќе стигне, а понекогаш краде и мали деца. Името ѝ доаѓа од полу и ден, бидејќи се јавува точно на половината на денот.

dm11

12. Христијанскиот демон Белфегор е еден од седумте принцови на пеколот и најчесто се сврзува со претставата за оргии и блуд.

dm12

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено