Да се биде славен прави неверојатно тешко да се скријат тајните од обожавателите, а особено од медиумите. Но, поради некоја причина, овие славни личности успеале досто долго време да кријат некои нивни приватни работи од очите на јавноста, и покрај тоа што се работи за исклучително шокантни и скандалозни личности.

Додека повеќето од наброените тајни се веќе делумно изложени во јавноста, за некои се дознало, но не е потврдено од самите личности. Од тоа дека Лејди Гага била сексуално злоставувана кога ја почнала својата музичка кариера, до скандалот со Бил Козби, кој не само што ја уништи неговата кариера, туку и неговата репутација. Но, уште пошокантно е тоа што актерот успеал оваа голема тајна да ја крие цели триесет години, ако се има предвид колку жени го обвинија за силување. Еве 12 личности кои успеале да ги држат во тајност најголемите Холивудски тајни.

12. Том Круз и неговата скиентологија

t01

Луѓето сакаат да дознаат како и зошто скиентологијата има толку големо влијание врз тие кои се дел од таа т.н. религија. Неодамна излегоа гласини дека актерот ја запоставил својата ќерка Сури, откако Кети Холмс решила да се разведе од холивудската ѕвезда, плашејќи се дека неговата скиентологија ја презема контролата врз нејзината врска и нејзината ќерка. Иако Холмс никогаш не објаснила во детали што е тоа што толку ѝ пречи во врска со скиентологијата, се истакнува дека членовите на оваа религија треба да се дистанцираат од секој кој ќе зборува лошо за неа. Во неколку медиуми се тврдеше дека Том Круз веќе повеќе од една година ја нема видено својата ќерка, наводно напуштајќи го своето сопствено дете во име на религијата на која е толку многу посветен.

11, Вонбрачното дете на Арнолд Шварценегер

t02

По повеќе од дваесет години браг со Марија Шривер, се откри шокантна тајна за Арнолд Шварценегер. Тој во деведесеттите имал врска со слугинката и имал дете со неа, при што тајно се грижел за нејзиниот дом и нивниот син Џозеф, кои живееле на само неколку минути од Арнолд и Марија. Тајната била криена петнаесет години.

10. Вистинсиот татко на Кло Кардашијан

t03

Во последните четири години постојано се зборува дека Кло Кардашијан не е биолошка ќерка на починатиот Роберт Кардашија, барем според поранешната жена на адвокатот, Елен Пирсон, која јавно тврди дека Роберт Кардашијан бил свесен за тој факт, но сепак ја чувал как освоја. Згора на тоа во епизода на „Семејството Кардашијан“, Кло одбила да направи ДНК тест во страв дека тоа што го вели Елен можеби е вистина.

9. Стравот на Анџелина Џоли дека има рак на дојката

t04

Стравот на Анџелина Џоли се должи на тоа што нејзината мајка Марчелин подлегнала на подмолната болест, што е причина актерката да прави проверки секој месец, во случај и кај неа да не почнат да се јавуваат симптомите. За нејзина среќа, кај неа болеста била откриена во рана фаза и бргу се подложила на мастектомија, при што не само што ја криела својата загриженост, туку и нејзиното храбро решение да направи операција, за на крајот за сето тоа да проговори во статија на Њујорк Тајмс.

8. Бракот на Џенет Џексон со Висам Ал Мана

t05

Свршувачката на Џенет Џексон со Висам Ал Мана можеби се јавува како изненадување, што е и сосема нормално со оглед на тоа дека таа тајно се венчала со милијардерот во релативно тајна церемонија во присуство на само неколку членови на семејството. Свадбата – која се случила во 2012 година – била толку тајна и приватна, што Џенет поканила само двајца свои блиски. Истата година, запрашана за тоа како ѝ оди животот како вереница, Џенет споделила дека таа е веќе мажена.

7. Сексуалноста на Кристен Стјуарт – лезбејка?

t06

Кога мајката на Кристен Стјуарт наводно наговестила дека нејзината ќерка сака жени, актерката наговестила дека е лезбејка. По четиригодишната врска со Роберт Патинсон, грмна веста дека Стјуарт наводно излегувала со нејзината асистентка, Алиша Каргајл.

6. Скандалот со силувањата на Бил Козби

t07

За сексуалните напади на Бил Козби се дозна минатата година кога повеќе славни жени истапија тврдејќи дека поранешниот обожаван актер ги дрогирал и ги силувал. Повеќето од инцидентите, кои се случиле во 80-те и 90-те, наводно биле пријавени во полиција, но според сега веќе четириесетгодишните жени, секојпат немало доволно докази за да се докаже дека Бил виновен.

5. Вонбрачното дете на Крис Браун

t08

Аренби пеаот Крис Браун ги шокирал своите фанови кога се потврдило дека 26-годишниот пејач е татко на едногодишно девојче со име Ројалти. Браун, кој се надевал дека ќе успее тоа да го одржи во тајност, од страв да не ја изгуби својата девојка Каручи тРан, на крајот признал дека тоа е вистина, додавајќи дека се надева дека на Ројалти ќе ѝ биде татко каков што таа би посакувала.

4. Славното исполнение на американската химна на Витни Хјустон всушност било на плејбек

t09

Пеењето на националната химна на САД од страна на Витни Хјустон во 1991 година во Супер Боул е контроверза сама по себе. Зошто? Бидејќи речиси една деценија по изведбата на Хјустон, најпосле се открило дека во тоа време 27 годишната ѕвезда пеела на плејбек. Тоа предизвикало големо разочарување, бидејќи во тоа време публиката била зашеметена од нејзината беспрекорна изведба на химната – обожавателите ја величале, па дури и музичките критичари тврделе дека тоа е една од најдобрите верзии на химната коишто воопшто ги слушнале.

3. Борбата со булимија на Кеша

t10

Кеша се борела со булимија и анорексија уште од кога била тинејџерка. Никој не знаел за тоа сѐ додека пеачката не поднела тужба против музичкиот продуцент д-р Лук, тврдејќи дека често ја посрамувал дека не изгледа добро како нејзините колешки. Кеша тврди дека Лук го исмевал изгледот на нејзиното тело, споредувајќи го со фрижидер.

2. Лејди Гага во минатото била сексуално злоставувана

t11

Воопшто не е изненадување откритието дека како млада Лејди Гага била сексуално злоставувана, ако се има предвид дека често им пружала поддршка на тие кои се нашле во слични ситуации. Таа споделила за повеќекратните инциденти во интервју од 2014 со радио легендата Хауард Стерн. Гага вели дека кога првпат решила да стане пеачка, некои мажи од индустријата сексуално ја нападнале во повеќе прилики.

1. Промената на полот на Кејтлин Џенер

t12

Кејтлин Џенер, порано познат како Брус, го шокираше светот кога потврди во интервју со Дајен Сојер дека долго време сакал да стане жена. Поранешниот олимписки шампион се обидувал да ја изрази својата сексуалност уште од кога памети за себе, но неговите деца „му го одвлекле вниманието“ од тоа што навистина сакал да биде тој. На 65 години, Кејтлин тврди дека најпосле ја постигнала својата среќа.

Сподели на Facebook
пати видено