Стресот, долготрајната работа и седентарната природа на вашата канцелариска работа го цицаат животот од вас – буквално.
1. Седењето по цел ден буквално краде години од вашиот живот
Долгото седење е ужасно за вашето тело и може да доведе до прерана смрт. Се соочувате со поголем ризик од прекумерна тежина, дијабетес, мускулни и скелетни нарушувања, рак, срцева болест итн.
2. Редовната наведнатост во столот може да доведе до долготрајни болести
Ако вашата работа од вас бара да седите во поголемиот дел од денот, најдобро е да набавите столче и маса кои ќе ви овозможат да седите исправено, или размислете за биро за стоење како можен избор.
3. Прескокнувањето на појадокот го става вашето тело во состојба на постојан стрес
Луѓето кои не појадуваат имаат се изложуваат на поголем ризик за висок крвен притисок, преголема тежина и проблеми со срцето, во споредба со тие коишто појадуваат во првите два часа откако се разбудиле.
4. Редовното јадење на брза храна го зголемува ризикот за срцеви заболувања
Брзата храна е богата со калории и изобилува со оксидирани маснотии, што го зголемува ризикот за срцеви заболувања.
5. Долгите патувања можат да бидат штетни за вашето телесно и ментално здравје
Патувањето повеќе од петнаесеттина километри со автомобил може да доведе до покачување на шеќерот во крвта и зголемен холестерол и може да го зголеми ризикот за појава на депресија и анксиозност.
6. Мотивационите состаноци всушност ги депримираат луѓето
Истражувањата покажуваат дека ако луѓето се присилуваат да се чувствуваат позитивни за нешто во што не се сигурни, може да ги направи уште понесигурни и несреќни.
7. Рециркулираниот, токсичен воздух е лош за вашите бели дробови
Ова се нарекува „синдром на собирање болести“. Воздухот во зграда може да биде сто пати понечист од воздхот надвор, при што сте изложени на нездрави гасови и хемикалии.
8. Печатачите и фотокопирите можат да доведат до заболување на белите дробови
Машините за копирање се извор на потенцијално смртоносен озон, доколку филтерот не се менува често, а ласерските печатачи испуштаат честички од тонерот кои можат да навлезат во вашите бели дробови и крвотокот, што може да доведе до заболување на белите дробови.
9. Работењето повеќе од 10 часа дневно може да доведе до срцев удар
Европски истражувачи откриле дека луѓето кои работат десет или повеќе часа дневно имаат за шеесет отсто поголем ризик за појава на мноштво кардиоваскуларни проблеми, вклучително срцев удар и ангина.
10. Лошите шефови можат да придонесат за општата мизерија
Хроничниот стрес кој го предизвикува лошиот шеф се поврзува со зголемениот ризик за срцеви заболувања, депресија, проблеми со спиењето, висок крвен притисок и зголемена телесна тежина.
11. Екстремната досада може да доведе до срцев или мозочен удар
Буквално може да ви биде досадно до смрт. Луѓето на кои им е досадно се изложени на повисок ризик за срцеви заболувања како и несреќни случаи на работното место.
12. Валканите тастатури се исто толку опасни колку ешерихија коли
На компјутерските тастатури има пет пати повеќе бактерии отколку во тоалетот, меѓу кои е. холи и стафилокока, кои предизвикуваат најразлични видови на инфекции.