12 момчиња и нивниот фудбалски тренер кои останале заробени во пештера 9 дена, можеби ќе останат таму неколку месеци, пред да можат да бидат спасени.

Момчињата од 11 до 16-годишна возраст биле пронајдени изгладнети, но неповредени од британските доброволци, Џон Волантен и Рик Стентон во понеделникот и тие можеби ќе треба да преживеат во пештерата до октомври, кога нивото на вода се намалува на крајот на сезоната на монсуните.

Експертите за пештерата велат дека би било „неверојатно опасно“ да се обидат да ги извлечат момчињата додека водата е сѐ уште на високо ниво со повеќе обилни дождови кои се очекуваат во текот на следните неколку дена.

Властите сега планираат да ги науќат момчињата да нуркаат (никој од нив не знае да плива), за да бидат водени низ мрежата на пештери во Тамг Луанг, во Чианг Раи, северен Тајланд.

Во меѓувреме, двајца лекари од „Фоки“ се согласиле да останат со групата, додека спасувачите им испраќаат храна за наредните 4 месеци.

Младите фудбалери кои се неповредени, освен двајца со „лесни“ повреди добиваат енергетски гелови и парацетамол, додека се инсталира телефонски кабел за да можат да разговараат со своите преплашени родители.

Тимовите пумпаат 10.000 литри вода од пештерите секој час, но ова е доволно само за да го намали нивото за еден сантиметар.

Кога биле пронајдени од нуркачите децата не знаеле кој ден и колку време поминале во пештерата. Во меѓувреме, членовите на семејството на исчезнатите деца се радувале откако ги слушнале вестите. Тие славеле и се гушкале меѓусебно по потврдувањето дека нивните најмили се живи.

Сподели на Facebook
пати видено