Коко Шанел еднаш рекла: „Возраста на жената не е важна: можете да бидете прекрасни во своите 20-ти, прекрасни во 40-тите години и да останете прекрасни до крајот на животот“. И луѓето што се вклучени во нашата статија се добар пример за ова.

12. Јасмина Роси, 63 години

63-годишниот француски модел по име Јасмана е сигурна дека убавината на жената расте со нејзината возраст. Таа тврди дека органската диета е она што ја одржува и што ѝ помага да ја зачува убавината.

11. Керол Алт, 57 години

Канадскиот модел и актерка по име Керол Алт се чувствува полна со енергија. Нејзините облини од 89-60-89 го импресиониаа тркачот, Аиртон Сена, а потоа и хокеј играчот Алексеј Јашин. Аиртон ја научи да вози спортски автомобили, а Алексеј, кој е 13 години помлад од неа, се обидува да ја разубеди да не вози спортски автомобили.

10. Џили Џонсон, 64 години

Џили Џонсон е позната не само како писетел на книги за воспитување на внуци, туку и како модел за долна облека.

9. Никола Грифин, 57 години

Никола Грифин не може да се пофали дека е долго време славна личност или дека имала бројни настапи на пистите. Таа ја започнала својата кариера како модел пред неколку години.

8. Мајк О’Херн, 49 години

Познат бодибилдер и модел, победник на „Мистер Универзум“, и еден од 12-те најдобри официјално признати спортисти на сите времиња.

7. Мари Хелвин, 65 години

Некогаш Мари Хелвин била нарекувана најубава жена во светот, но сега на 65-годишна возраст таа изгледа уште поубаво. Мари вели дека, бидејќи таа нема деца, го поминува целото време грижејќи се за себе.

6. Инес де Ла Фресанж, 60 години

Французите сметаат дека таа е трендсетерка, стилска икона и модел на парискиот шик. Таа ја добила една од најдобрите француски награди за нејзините достигнувања, Легијата на честа. Инес смета дека способноста да ги избегне стресните ситуации е тајната на нејзината убавина.

5. Гилјан Меклеод, 60 години

Гилјан признала во едно од нејзините интервјуа дека најдобриот период од нејзиниот живот започнал кога таа наполнила 50 години. Таа работела како стилист, а на 53 години и понудиле работа како модел.

4. Јоланда Фостер (Хадид), 54 години

Јоланда Фостер Хадид ја заврши својата кариера како модел на 31 година, со цел да се посвети на своето семејство. Денес таа е главен асистент на нејзините ќерки, Бела и Џиџи, модели со полно работно време.

3. Марни Голдберг, 45 години

Марни успеала да го претвори својот живот во американски сон: да се посвети на семејството и на бизнисот што го сака, за да заработи пари од своето хоби и едноставно да биде среќна. Таа има свој сопствен канал на YouTube каде што ги споделува тајните за убавина.

2. Тао Порхон-Линч, 99 години

99-годишната Тао инспирираше многу генерации со свој сопствен пример со тоа што била борец за Францускиот отпор за време на Втората светска војна, како и актерка, филмски продуцент, модел, експерт за вино, лауреат на балетски натпревари, и наставник по јога.

1. Јанг Дан, 44 години

Јанг Дан станала водителка за временска прогноза на Централната телевизија во Кина на 22-годишна возраст. Таа работела 22 години во телевизијата, но не изгледа дека оваа жена остарела ниту еден ден во текот на овој период.

Сподели на Facebook
пати видено