Понекогаш осаменоста може да биде вистинско уживање. Во ред е да се биде дружељубив, но понекогаш сакаме да одвоиме малку време за себеси. А да не говориме за концептот кога некој ќе ви заѕвони на врата бидејќи си помислил дека би било убаво да ве посети токму кога сѐ што би сакале е да се опуштите на вашиот кауч во долна облека. Идејата за осаменоста и невознемирувањето некои луѓе ја кренале до екстремни нивоа, до момент кога нивната желба да бидат сами се граничи со лудило. Еве неколку примери за најоддалечените и најнепристапните куќи во светот.

1. Исланд

kuk01

Оваа куќа буквално е едиствената градба на мал исландски остров, па ако осаменоста ви значи, тогаш ова место дефинитивно е за вас.

2. Шведска

kuk02

Куќава се наоѓа на мало островче во близина на Стокхолм.

3. Столбот Кацхи

kuk03

Во оваа мала грузиска црква на врвот на камениот столб Кацхи живее само еден монах.

4. Куќа на реката Сен Лоренс

kuk04

Од една страна, одржувањето на тревникот е лесно. Од друга страна, еден обилен дожд и ќе се најдете на воден кревет, го сакале тоа или не.

5. Куќа на швајцарските Алпи

kuk05

Оваа куќарка се наоѓа на височина од 4000 метри, изградена на стрмните карпи на Матерхорн.

6. Испосница во Италија

kuk06

7. Метеори во Грција

kuk07

8. Куќа во Франција

kuk08

Интересен начин како да се заштеди на материјал.

9. Црква во Словенија

kuk09

Навистина прекрасна глетка, но како ли се собираат на неделната миса?

10. Мала колипка во Исланд

kuk10

Почнуваме да си мислиме дека луѓето на Исланд навистина мразат кога некој ќе им побара шеќер.

11. Мало живеалиште во Норвешка

kuk11

Што мислите дека е полошо – клаустрофобијата која ја чувствувате кога сте внатре или чувството дека куќичката може да ви се струполи удолу по ридот?

12. Куќа во Португалија

The Stone House  tourism destinations

Оваа куќа изгледа како кога ќе си ги затнете ушите и ќе кажете „ма не те слушам ништо!“

Сподели на Facebook
пати видено