Скоро секој од нас би сакал да ги спакува куферите и да тргне во нова авантура. Луѓето се љубопитни и сакаат да истражуваат, сепак не секогаш патувањата одат според планираното, затоа потребна е голема издржливост и снаодливост, особено во минатото кога немало современа технологија која би можела да помогне.
1. На 10.05.1503, Колумбо ги открил Кајманските Острови, а по сите напори за надминување на ветровите и струите, тој пристигнал во Јамајка на 25 јуни, Бродовите биле во лоша состојба и Колумбо баралпомош. Знаејќи дека наскоро се очекува затемнување на Месечината, тој им кажал на локалните жители дека ако не му помогнат, Месечината ќе исчезне.
2. Познатиот британски истражувач Дејвид Ливингстон еднаш го изгубил сите свои резерви, додека бил во Африка. За да добие храна од локалните жители, тој бил принуден да јаде во специјално направена колиба и тоа служело како забава за локалното население.
3. Во 1911 година, британскиот истражувач Џорџ Мареј Левик ја набљудувал некрофилијата на пингвините. Неговото истражување не е објавено до 2012 година, бидејќи во тоа време се сметало за премногу непристојно.
4. Во една од експедициите, истражувачот Лоренс Оутс страдаше од гангрена како резултат на премрзнување. Знаејќи дека животот на неговите пријатели ќе биде во опасност поради него, тој излегол од својот шатор и никогаш не се вратил повторно.
5. За време на експедицијата во Јелоустон, Труман Евертс се одделил од неговата група. Тој го изгубил коњот и резервите, а подоцна паднал во гејзер. Неколку месеци подоцна бил пронајден во тешка здравствена состојба.
6. Холандскиот истражувач Абел Тасман ги открил Нов Зеланд и Тасманија за време на неговото прво патување, но целосно ја промашил Австралија. Само во текот на второто патување тој го разбрал својот пропуст.
7. За време на арктичкото истражување во 1950-тите, Питер Фројден создал орудие од сопствениот измет за да се ослободи од лавината под која тој бил затрупан. Подоцна, сам ги ампутирал своите замрзнати прсти.
8. Кога британскиот истражувач Волтер Рали го преземал португалскиот брод Мадре де Деус, тој пронашол товар вреден половина од англиското национално богатство.
9. Стариот грчки патник и астроном Питеј го направил најраниот опис на Северното Море. Покрај тоа, тој набљудувал внимателно и опишувал сè што гледа на патот, а исто така тој прв претпоставил дека Месечината влијае на плимата и осеката.
10. Капетанот на бродот на Колумбо, Родриго ди Трајана тврдел дека тој прв го забележал копното, но Колумбо велел дека го здогледал неколку часа пред него. На овој начин Колумбо ја добил наградата ветена од Фернинанд за оној кој прв ќе го види копното.
11. За време на истражување во Јужна Дакота , Хју Војс залутал и мислел дека ќе умре откако бил нападнат од гризли. Тој ползел 200 милји до најблиското село за да се спаси.
12. Англискиот патник и истражувач Френсис Бартон е познат по своето познавање на многу јазици и култури. Тој се маскирал и заминал на аџилак во Мека, по што ги превел „Илјада и една ноќ“ и „Кама Сутра“.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.