Малата Аналис Лујан првиот напад на епилепсија го доживеала на натпревар по гимнастика. Нејзините родители ја однеле во болница, каде што ја ставиле во медицински индуцирана кома за да не дојде до оштетување на мозокот. На Аналис подоцна и била дијагностицирана ретка форма на епилепсија, позната како фебрилен инфекциски епилептичен синдром.
Нападите можат да го оштетат мозокот на Аналис, па да предизвикаат и смрт. Докторите не сакале да ја разбудат од комата додека не најдат соодветен третман. Поради тоа што обичната терапија за епилепсија не функционира на оваа болест, мајката на Аналис, Меријан, барала други опции.
Таа пронашла лек добиен од канабис, наречен канабидиол и Аналис била разбудена од комата по три третмани со овој лек. Сега девојчето нема повеќе напади и е на терапија за да може целосно да си ги поврати когнитивните способности.
Иако лекот од канабис успеал да ја излечи Аналис лекарите сеуште не се сигурни во неговата ефикасност. Поранешен хирург Др. Вивек Марфи вели дека марихуаната може да биде корисна во лечење на одредени болести, но треба да бидеме внимателни затоа што се потребни повеќе истражувања.
За прв пат канабидолот бил употребен во истражување во болница во Њујорк, исто така за лечење на овој редок вид на епилепсија, но иако и таму бил успешен, лекарите велат дека за време на третманите биле користени други лекови и не може со сигурност да се каже дека само канабисот помогнал.
Овој редок вид на епилепсија се појавува кај 1 од милион деца и тие не се свесни дека ја имаат оваа состојба се додека не се активира висрусот во мозокот или автоимуниот систем по обична настинка или стомачен грип.