Ужасното видео со самоубиството на 12-годишно девојче стана вирално на интернет – и полицијата вели дека не можат да сторат ништо за да ги симнат шокантните содржини од интернет. Кејтлин Никол Дејвис од Сидартаун, Џорџија, се снимила себеси во живо на Фејсбук на 30 декември, велејќи дека била сексуално злоставувана од член на нејзиното семејство, за потоа да се обеси во дворот на нејзиниот дом во Сидартаун.

dv02 dv03

Видеото сега се споделува на интернет, и властите во областа Полк велат дека се немоќни да го спречат неговото распространување. Полицијата се упатила кон местото за да го спасат девојчето веднаш штом иим било јавено што се случува, но набргу таа била прогласена мртва.

dv01

Во деновите кои следувале на телефоните на обласната полиција се јавиле стотици луѓе од целиот свет, известувајќи ги за ужасните видео содржини кои се споделуваат.

„Контактиравме некои од веб страниците. Прашаа дали се обврзани да го симнат видеото. Тие немаат таква законска обврска, но сепак е човечки тоа да го сторат“, велат од полицијата.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено