И покрај тоа што уживаме во друштвото на најдобриот пријател на човекот, кучињата остануваат полни со мистерии. Разни гласини и празноверја се шират со години со што станува уште потешко да се открие што се крие во нивните глави. Но овие факти ќе ви помогнат да научите нешто повеќе за овие прекрасни сушстества. Ќе се изненадите колку малку сте знаеле за нив.

1. „Опасниот“ питбул

kc01

Не е вистина дека пит булите се поопасни од било која друга раса на големи кучиња. Лошата репутација веројатно доаѓа од незаконските борби со кучиња кои станале чести во осумдесеттите.

2. Чиста уста

kc02

Верувањето дека нивната уста е почиста од нашата е малку претерано. И во нивните усти има бактерии, кои се карактеристични за кучињата.

3. Влажен нос

kc03

Најчесто се верува дека влагата во носот е поврзана со здравјето на кучето, но тоа не е точно. Постојат неколку причини за влажниот нос, меѓу кои постојаното лижење како и бистрата течност која ја лачат за да ја одржуваат температурата.

4. Опашот кажува сѐ

kc04

Кога кучето е опуштено, мафта полека со опашот од едната кон другата страна, но кога е среќно или кога ќе види пријателско лице ќе почне да го придвижува побрзо мрдајќи и со колковите. Ако опашката е исправена нагоре, тоа значи самодоверба или агресивност.

5. Кучешки бакнежи

kc05

Без разлика дали го тоа или не, кога кучето ќе ви го лизне лицето, тоа кај него лачи ендорфини што му помага да се смири и да се ослободи од стресот.

6. Душкањето

kc06

Жлездите на кучињата лачат информативни мириси за другите кучиња, со кои ги известуваат за нивниот пол, што јаде, како и како се чувствува тој ден. Кога луѓето би биле толку ефикасни, сѐ би било полесно.

7. Миризливи шепи

kc07

Миризбата на кучешките шепи се должи на влагата која се создава во наборите на нивните стапала, што резултира со појава на (безопасни) бактерии.

8. Покажување на вина

kc08

Проучувањата покажуваат дека кога го карате кучето, тоа вообичаено се однесува како виновно. Но можеби тоа е обид да се извлече од ситуацијата така што ќе се однесува слатко. Кога кучињата сториле нешто лошо без некој да им се кара, тие не покажувале никакво чувство на вина.

9. Личната хигиена на кучињата водичи

kc09

Кучињата тренирани да водат слепи лица се неверојатно добро истренирани до таа мера што можат да се воздржат при вршењето нужда сѐ додека нивниот сопственик не им даде заповед за тоа, а после тоа го чистат својот измет.

10. Левучар или десничар

kc10 ќќ

И кучињата си имаат свои доминантни шепи исто како и луѓето. Неговата доминантна страна ќе ја препознаете по тоа која шепа ја пружа кога се ракува или кога зграпчува нешта.

11. Љубомора

kc11

И кучињата покажуваат знаци на љубомора, на пример кога ќе надушат мирис на друго куче на вашата облека, бидејќи тие сакаат се кучето бр. 1 во вашиот живот.

12. Кучешки имиња

kc12

Кучињата ги препознаваат имињата кои им ги давате. Најчести кучешки имиња се: Бела, Макс, Луси, Линда, Џони итн.

Сподели на Facebook
пати видено