Добрината живее во секој од нас, но најчесто сме многу зафатени со сопствените животи и ппроблеми што немаме време или заборавиме да го покажеме.
Но вреди да и се отвори вратата на старица или да и помогнете да ги носи тешките торби, ова со сигурност ќе предизвика топлина во нејзиното, но и во вашето срце. Впрочем вакви едноставни постапки можат да направат нечиј живот подобар.
1. Крис Хемсворт го исполнил сонот на обожавател на Марвел, кој е во финалната фаза на рак, да го гледа предвреме филмот „Одмаздници: Финалето“
2. „Денес ѝ ја задржав вратата на една старица и таа ми даде бонбони.“
3. Ветеран, бездомник, Френклин Дејвис, го чисти Меморијалот на воените ветерани на Виетнам за време на неодамнешната американска криза.
4. „Заглавивме во сообраќаен метеж 5 часа. Момчето и девојката кои живеат во близина на автопатот ни дадоа на сите закуски и вода. Ви благодарам дечки.“
5. Овој човек одлучи да го исчисти тротоарот за слепите во близина на автобуската станица (Холандија)
6. Еден човек слушнал како девојка зборува со менаџер во салон за автомобили дека нема доволно пари да купи автомобил и дека поради тоа најверојатно ќе ја изгуби работата и тој потоа ѝ го подарил својот автомобил.
7. „Овој неверојатен господин во последните 5 години на Денот на вљубените ги собира сите вдовици од старечки дом во нашиот ресторан. Тој ги чести вечера, на секоја дава роза и подарок.“
8. Директорот на едно претпријатие платил за скапа операција на својот вработен, заварувачот. Во знак на благодарност, тој направил скара во вид на елен и му ја подарил на својот спасител.
9. Уметникот од Нигерија Ели Вадуба Јусуф преку Твитер се обратил кон актерот Кевин Харт за да му го покаже својот портрет, насликан во жанрот на хипереализам. Актерот не само што одговорил, туку исто така сакал да го купи овој цртеж, а исто така и порачал 3 вакви цртежи за своите пријатели.
10. Момче му помага на кучето да си ја врати својата играчка
11. „Мајка ми е цевќарка и таа направи големо срце од цвеќе за луѓето од Вашингтон Парк.“
12. „Јас сум ѓубреџија. Мислам дека луѓето не се свесни колку ни значат вакви гестови. Ви благодариме за закуските и пијалоците.“