Ако мислите дека луѓето биле помалку ексцентрични во минатото отколку што се денес, сетете се на нивнита мода и традиции. Можеби ќе го смените Вашето мислење.
12. Прв и втор сон
Европејците кои живееле во средниот век си легнувале од зајдисонце и спиеле до 12 часот на полноќ, потоа станувале и биле будни 2-3 часа. Тогаш се молеле или пак читале и повторно легнувале се додека не се разбудат до изгрејсонце.
11. Жив аларм
„Чукач“ била професија која постоела од средината на 18 век до 1950-тите. Овие луѓе ги буделе луѓето кои треба да станат рано, така што им чукале на прозорците.
10. Фустани за момчиња
Од 16 век па до околу 1920 година било нормално момчиња од 4-8 години да носат фустани. Модата не ги заобиколила ниту кралските семејства. На фотографијата се гледа Алексеј, син на рускиот цар Николај Втори, во фустан сличен на оној што го носат неговите сестри.
9. Чопини
Чопини биле женски чевли со платформа од околу 50 сантиметри. На жените што ги носеле им била потребна помош од слугите за да чекорат. Тие најчесто се користеле за да не се извалка облеката од уличната кал.
8. Цедење на крв против сите болести
Овој третман бил популарен цели 2.00о години и најчесто нанесувал поголема штета, ослабувајќи го пациентот уште повеќе па дури и смрт.
7. Лоша хигиена
Во некои средновековни земји, луѓето верувале дека водата носи само болести а вошките се „дар од Бога“. Вакви верувања имале дури и монаси. Изабела I од Кастиља била горда на фактот дека се капела само два пати во животот.
6. Посмртни фотографии
Уште еден обичај што денес изгледа многу бизарно. Меѓутоа, во 19 век, ова бил начин да се зачува сеќавањето за починатите. Починатиот најчесто бил во седечка положба за да изгледа „живо“.
5. Радиоактивни производи за убавина
Во почетокот на 20 век, радијацијата се сметала за исклучиво позитивен феномен,тогаш можеле да се купат козметички производи, храна и пијалаци збогатени со радиум и ториум, радиоактивни сувенири и сл.
4. Хероин како лек за кашлица
Изненадувачки, пред сто години, хероинот се сметал за безопасна алтернатива на морфиум и бил продаван во аптеките како лек за кашлица. Тој бил дури и препорачан за деца. Подоцна било откриено дека хероинот се претвора во морфиум во црниот дроб, а во 1924 година неговата употреба била забранета.
3. Пушење во авиони
Пред 50 или 60 години, пушењето не се сметало за толку лоша навика. Поради тоа луѓето пушеле цигари дури и за време на летови, без оглед на присуството на други патници. Денес, пушењето во авиони е забрането, но во голем број земји (како што е Иран) забраната не е спроведена.
2. Машини за капење
За разлика од нас, луѓето во 18 и 19 век не можеле слободно да се капат во водата. Тие користеле специјални коли кои изгледале како колиби на плажа. Колите биле носени во водата така што пливачите можеле да пливаат без да добиваат погледи од љубопитни луѓе. Машките и женските коли биле на одредено растојание.
1. Камен како тоалетна хартија
Во минатото луѓето користеле најразлични средства во улога на тоалетна хартија. Но, древните Грци за одредени хигиенски цели, користеле камење, камчиња или парчиња од керамика.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.