Своите животи ги живееле на високо достоинствен начин, издвојувајќи се себеси толку добро, што историјата продолжува да ги памети. Но сите овие важни историски личности умреле на навистина засрамувачки начин.

Фредерик Барбароса, император

lc01

Прославениот војсководец Барбароса умрел во 1190 година за време на крстоносна војна, но ни најмалку на хероичен начин. Наместо да тргне да се искачува на планината која се испречила на патот на неговата армија, Барбароса скокнал во реката Каликадмус за на своите луѓе да им покаже дека можат да ја препливаат реката. Барбароса погрешил, бидејќи неколку мига по скокањето се удавил во реката. Третата крстоносна војна на крајот завршила катастрофално за Европејците.

Алан Пинкертон, детектив

lc02

Основачот на познатата детективска агенција Пинкертон, Алан Пинкертон умрел на најнедостоинствен начин. Се сопнал и си го гризнал јазикот. Настапила гангрена и го убила по неколку седмици. На фотографијата е прикажан Пинкертон (од лево) со американскиот претседател Линколн и мајорот МкКлернанд.

Адолф Фредерик, крал на Шведска.

lc03

Адолф Фредерик умрел во 1771 година откако навистина претерал со јадењето. Неговиот преизобилен оброк предизвикал удар, и кралот неочекувано си заминал.

Џек Дејниел, виски магнат

lc04

Џек Дејниел се прославил со производството на виски. За среќа, малкумина знаат за несреќниот начин на кој го напуштил овој свет. Едно утро Џек се разгневил и го клоцнал својот сеф. Си отворил рана која се инфицирала, па како последица на тоа морале да му го ампутираат стапалото. Но, тоа не било доволно. Инфекцијата се рашириала и тој ја загубил целата нога. Во 1911 г. Џек Дејниел умрел од гангрена.

Хари Худини, магионичар

lc05

Кога несреќно го завршил својот живот во 1926 година, Хари Худини бил најпознатиот магионичар во светот. Се наоѓал во својата соблекувална, подготвувајќи се за својот настап, кога го посетиле двајца студенти. Еден од нив неколку пати силно го удрил Худини во стомакот. Худини бил познат по тоа што се фалел дека може да издржи силни удари во стомакот. Тоа било точно, навистина го можел тоа. Сепак, му требало време да се подготви за ударот, а студентот не го почекал. Худини заминал да го одржи својот настап, но почувствувал силна болка. Два дена подоцна настапил на уште една претстава, и на празникот Хелоуин починал како последица на пробиено слепо црево.

Тенеси Вилијамс, драмски писател

lc06

Живописниот автор кој стои зад дела како „Мачка на вжештениот лимен покрив“ и „Стаклената менажерија“ се задавил со капаче за шише. Тоа било мало капаче за капки за очи. Се претпоставува дека Вилијамс го ставил капачето в уста додека си ставал капки, кога наеднаш капачето пошло надолу.

Сер Франсис Бејкон, научник

lc07

Френсис Бејкон бил дел од дворот на кралицата Елизабета I и многу придонел за британската власт од тоа време. Умрел во 1626 експериментирајќи со кокошка во снегот. Бејкон си мислел дека може да ја презервира кокошката ако ја наполни со снег. Се разболел од предолгото стоење во снегот за да го изведе експериментот, кој не успеал, и умрел.

Ајсхил, старогрчки поет

lc08

Ајсхил се прославил со своите трагедии, но засекогаш ќе биде запомнат по тоа како го завршил својот живот околу 455 пр.н.е. Според легендата, ќелавиот Ајсхил загинал откако орел помислил дека неговата глава е камен и фрлил желка врз него за да ѝ го скрши оклопот.

Дракон, старогрчки законодавец

lc09

Дракон бил познат по неговиот збир строги закони, па така денес останал изразот „драконски мерки“ кој означува строги мерки. Но, неговиот проблем бил тоа што Грците навистина премногу го сакале. Толку многу, што за време на еден говор ги фрлиле своите шапки и наметки за да му оддадат почест. Дракон буквално се задушил од нивното обожување.

Џими Хендрикс и Џон Боном, ,музичари

lc10

Џими Хендрикс од многумина се смета за најголемиот гитарист на сите времиња. Неговата кариера сѐ уште се наоѓала на својот врв кога трагично умрел на 27 години. Тој испил премногу и зел премногу дроги, на крајот задушувајќи се во сопствените повраќаници.

Една деценија подоцна, тапанарот на Лед Зепелин Џон Боном започнал долг ден на пијанчење, испивајќи 16 чаши водка. На крајот заспал и следното утро бил пронајден мртов. Иследникот заклучил дека додека спиел се исповраќал и се задушил.

Сподели на Facebook
пати видено