САД имаат најголемо затворско население во светот, како и највисока стапка на лишување од слобода. Многумина кои бараат затворски реформи ја обвинуваат државата за нејзината политика кон дрогата, како и приватизирањето на затворите.
Еве увид во некои од најзначајните факти за американскиот затворски систем.
Во САД има повеќе затвори отколку колеџи
Во сад има вкупно 5000 затвори, во споредба со 4599-те колеџи и универзитети.
САД го имаат најголемото затворско население на планетата
Во затворите во САД се наоѓаат повеќе од 2.2 милиони затвореници.
Половина од затворениците во федералните затвори се затворени поради нарко криминал
Во федералните затвори повеќе од половината осуденици на затворска казна во времетраење подолго од една година се таму поради прекршоци поврзани со дрога.
Луизијана има највисока стапка на лишување од слобода
Според Одделот за правда на САД, државата Луизијана ја има највисоката стапка на затворање, со 867 затвореници на 100.000 луѓе во државата.
Најопасните криминалци се чуваат во Колорадо
Федералниот затвор во Флоренс, Колорадо, кој се одликува со исклучително висока безбедност, е познат како „Алкатраз на Карпестите планини“. Од него е невозможно да се избега и во него се сместуваат најопасните затвореници во федералниот затворски систем, вклучително и осомничени за тероризам.
Најстариот затвор кој сѐ уште е во употреба се наоѓа во Њу Џерси
Државниот затвор на Њу Џерси бил отворен во 1836 година во Трентон, и до ден денес сѐ уште е во употреба.
Најнапредниот затвор се наоѓа во Масачусетс
Високо обезбедуваниот затворо Суза-Барановски во Масачусетс располага со еден од најголемите матрикс системи за видео надзор и применува бројни безбедносни мерки за речиси 1500 затвореници.
Црнците се почесто затворани од белците
Според американскиот попис, афроамериканците се лишувани од слобода во просек пет пати повеќе од белците, и сочинуваат 40 отсто од затворениците во САД.
1 од 31 Американец е под казнено-поправен надзор
Заедно со тие кои отслужуваат условна казна, како и притворениците и затворениците, преку 7.3 милиони Американци се под надзор на американскиот казнено-поправен систем.
Во некои затвори една торба со тутун може да достигне цена до 1000 долари
Тутунот е со висока побарувачка на затворскиот црн пазар, и често се криумчари од страна на затворските чувари.
22 држави имаат затворски колеџ програми
Њујорк, Калифорнија и Тексас се меѓу 22-те американски држави кои имаат програми преку кои затворениците можат да се стекнат со диплома за високо образование.