Сите луѓе барем еднаш во животот слушнале и на кратко се заинтересирале за некоја теорија на заговор, но некои од нив отишле чекор по далеку и докажале дека теориите се всушност вистина!
Еве кои 11 од нив биле откриени дека се вистините.
1. Компаниите за тутун ја сокривале вистината за штетните последици од пушењето цигари
Долги години, најголемите тутунски компании инвестирале милиони и милиони евра во истражувања кои наводно докажувале дека не постојат штетни последици од цигарите, па дури ги прикажувале и позитивните страни. Но, во 1998 сите морале да ја признаат вината, бидејќи тутунскиот гигант Фили Морис први признале дека пушењето цигари носи штетни последици, па дури и предизвикува појава на рак на белите дробови.
2. Само Никол Шерцингер пеела во музичката група „The Pussycat Dolls“
Никол беше лидер на групата уште од самото нејзино основање. Можеби затоа нејзините фанови првично создадоа теорија на заговор дека всушност цело време, во сите песни пее само таа. Теорија на крај излезе дека е вистина кога самата Никол во 2012-та призна дека 95% од пеењето е нејзино дело.
3. ЦИА всушност проучувала НЛО
Пред неколку години, Американската служба, на Интернет, објави официјални документи поврзани со НЛО истражувања од 1950-те години. Во тие документи, стоеле информации од сведоци кои тврделе дека виделе НЛО, а дури биле регистрирани 575 случаи во текот на 23 години.
4. Некој друг пее наместо Бритни Спирс
Во 2007-та годиниа, медиумите дознаа дека Бритни се разведува од нејзиниот сопруг, Кевин Федерлајн и дека се пријавила на третман во психијатриска болница. Но, истата година Бритни успеа да објави неколку успешни албуми, а фановите се прашуваа како е тоа можно. На крај теоријата дека некој друг пее наместо неа се докажа вистинита, откако таткото на пејачката Мија Мари откри дека неговата ќерка е заменската пејачка.
5. Нафтените компании заедно се здружиле да ги изменат цените
Цената на нафтата е одлучувачки фактор за животот на сите луѓе, во скоро сите земји. Во 2008-та година, новинари пронашле доказ на една теорија на заговор според која нафтените компании се здружиле заедно, со цел да ги изменат цените. Сканалот ја опфати британската компанија Шел, шпанскиот Репсол, германската РВЕ и францускиот Тотал.
6. ФБИ го набљудувале Џон Ленон
Креативните луѓе можат да ја искористат уметноста да влијаат врз милиони луѓе. Поради тоа, тие често стануваат објекти на набљудување од страна на Федералното биро. Таков било случајот со Ернет Хемингвеј, а во 2000-та година се докажало дека и Џон Ленон бил еден од нивните случаи.
7. Советски шпион бил член на американскиот Конгрес
За време на Студената војна помеѓу САД и СССР, и од двете страни протекувале бројни теории на заговор, легенди и меѓусебни обвинувања. Но, една теорија всушност се докажала за вистинита. Семјуел Дикстајн, Демократ од Њујорк отворил истрага за истражување на анти-американските движења и фаќање на руски шпиони. Во исто време, тој тајно соработувал со Русите и пренесувал доверливи информации. Која храброст!
8. Фармацевтските компании измислуваат нови болести
Според професорот Едриен Фаг Берман, од Џорџтаун, редоследот на појави на болести и третман за истите, значително се изменил. Рекламирањето на еден лек може да започне 7-10 години, пред всушност истиот да излезе на пазарот, а фармацевтските компании ги убедуваат лекарите и пациентите дека неопходно е да се реши проблем, кој воопшто не постои.
9. Кока-Кола ја намалува штетноста на шеќерот
Во 1967-та година, Американската асоцијција за шеќер, им платила на 3 студенти од Хардвард по 45.000 евра за да напишаат статија, докажувајќи дека нема никаква поврзаност на шеќерот со функцијата на срцето. Потоа, Американската медицинска асоцијација ги декласифицираше трудовите.
А според Њујорк Тајмс, Кока-Кола всушност учестувала во донациите за тие истражувања.
10. Американските безбедносни агенти прислушуваат телефонски разгвори ширум светот
Во 2016-та година, светот доби доказ за теоријата на заговор од која сите се плашеа. Поранешен член на Американската агенција за централна интелигенција, по име Едвард Сноуден, ја декласифицираше информацијата дека Агенцијата ги прислушува разговорите на милиони луѓе. А според неговата објава, биле прислушувани и разговорите на лидерите на земјите, насекаде од светот.
11. Стиви Вондер не е слеп
Музичарот стана легендарно име во многу земји, а дури понекогаш слепите луѓе беа нарекувани по него. Но, постои една популарна теорија според која популарниот музичар всушност не е слеп. Беше објавено видео на кое се гледа како пејачот задржува микрофон кој штотуку не паднал и фотографија на која тој се фотографира со восочната фигура на Мајкл Џексон. Малку чудно за еден слеп човек, зарем не?
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.