Како звучат послободните секс пози на разни јазици? Еве неколку примери.
Во Кина „кучешката поза“ се нарекува „старец турка количка“.
„Tailler une pipe“ (што буквално значи „острење на лулето“) е француски израз за орален секс.
Во Бугарија истото се нарекува „свирка“, така што кога сте кај соседите, не барајте од нив да ве носат на „жива свирка“. Кај нив тоа има сосема поинакво значење. Но тоа заборавиле да ѝ го кажат на Памела Андерсон за време на ова гостување.
Во Романија „bagi nasu in ceasca“ е начин на кој го нарекуваат кунилингусот. Буквално значи „забиј го носот во шолјата со чај.“
Во Шведска мисионерската поза со особено досаден партнер се нарекува „Мртва риба“.
Во Полска оралниот секс се нарекува „Zrobić loda“, што буквално значи „правење сладолед“.
Во Тајланд позата кога жената е одозгора се нарекува „Hanuman Kayom Tor“ или „мајмун скока на стапало“.
Во бразилскиот португалски, аналниот секс се нарекува „дупење на малиот вол“.
Во Јапонија кога маж мастурбира, тоа се нарекува сен зури – илјада пумпања.
А кога станува збор за позата меѓу гради, нештата навистина стануваат креативни. Во Шпанија тоа се нарекува „Кубана“, во Израел „пеперутка“ и победникот од Франција „адвокатска вратоврска“.