Со гледање на филмовите на Дизни и слушањето на волшебните бајки, секоја девојка сонува да се омажи за принцот. Во минатото на членовите на кралското семејство им било забрането да стапат во брак со „обичните луѓе“.

На пример, кралот Едвард VIII морал да го напушти своето право на тронот за да се ожени со љубовта на својот живот. Но, времето се смени и сега секоја девојка има шанса да стане принцеза.

Џетсун Пема, кралица на Бутан

Кога Џетсун Пема, ќерка на пилот во комерцијална авиокомпанија го запознала својот иден сопруг, 17-годишниот принц од Бутан, Џигме Кесар Намгјел Вангчук, имала само 7 години. На девојчето многу му се допаднало принцот што од детска љубов го замолила да се ожени за неа. Чистотата и невиноста на Џетсун го загреала срцето на принцот и во 2011 година, 14 години подоцна, кралот Џигме се оженил со љубовта на својот живот, Џетсун Пема.

Татјана Блатник, принцезата на Грција и Данска

Татјана Блатник е родена во Каракас, Венецуела, во семејство од словенечко и германско потекло. Пред да влезе во кралското семејство, таа живеела во Лондон и работела како консултант и организатор на настани. Во 2003 година, Татјана се сретнала со принцот Николаос од Грција и Данска и се венчале 7 години подоцна.

Грејс Кели, принцезата од Монако

Љубовна приказна на американската актерка Грејс Кели и принцот Рение од Монако е најпознатата кралска љубовна приказна на сите времиња. Грејс првпат се запознала со Рение на 6 мај 1955 година, додека била на Канскиот филмски фестивал. Неколку месеци подоцна, принцот Рение ги посетил Соединетите Американски Држави, каде што се запознал со Грејс и нејзиното семејство. Тој ја запросил по 3 дена и се оженил со неа во април 1956 година.

Фарах Пехлави, Шахбану (царица) на Иран

Фарах била ќерка на офицерот на вооружените сили на Иран. За време на официјалните посети на странски земји, Шах Мохамед Реза обично се сретнувал со ирански студенти кои студирале во странство. Токму така ја запознал неговата идна сопруга Фарах Диба во 1959 година во Иранската амбасада во Париз.

Реза се оженил со неа на 20 декември 1959 година. Фарах била царица на Иран до Исламската револуција од 1979 година. По револуцијата, кралското семејство избегало во Египет.

Мичико Шода, царицата на Јапонија

Мичико Шода доаѓа од богато семејство и имала многу добро образование. Во 1957 година, таа се запознала со престолонаследникот Акихито на тениско игралиште. Нивната љубовна приказна била претставена од страна на медиумите во тоа време како вистинска бајка. И покрај фактот дека семејството на Мичико било релативно богато, мајката на Акихито, царицата Којун, била против бракот. Меѓутоа, во 1959 година, двојката конечно се венчала. Мичико Шода станала првиот „обичен човек“ кој стапил во брак со член на јапонското кралско семејство.

Силвија Сомерлат, кралица на Шведска

Силвија Сомерлат е родена во едно германско-бразилско семејство во Хајделберг, Германија. Таа се запознала со принцот Карл Густаф од Шведска за време на Летната олимпијада во 1972 година. Подоцна во едно интервју, Карл Густаф им изјавил на новинарите дека тоа било љубов на прв поглед. Карл XVI Густаф станал крал во 1973 година. Во 1976 година, Силвија и кралот на Шведска се венчале.

Мејбл Вис Смит принцезата на Оранж-Насау (Холандија)

Мејбл пораснала во скромно семејство во Холандија. Дипломирала на Универзитетот во Амстердам и била на пракса во ООН, Министерството за надворешни работи и многу повеќе. Жената на братот на принцот Јохан, ги запознала Мејбл и Јохан, а во 2003 година парот ја објавил нивната свршувачка.

Но премиерот на Холандија не сакал да го одобри овој брак поради блиското пријателство на Мејбл со голем Холандски нарко-бос Клас Бруинсма. Во 2004 година, принцот Јохан Фрисо во сепак се оженил со својата сакана и го загубил своето право да стане крал.

Масако Овада, крунисаната принцеза на Јапонија

Таткото на Масако Овада бил висок дипломат и поранешен претседател на Меѓународниот суд на правдата, поради што нејзиното семејство многу патувало. Масако првпат се запознала со принцот на Јапонија Нарухиро на чајанка во 1986 година.

Иако имало некои контроверзии околу дедото на мајката на Масако, Нарухито останал многу заинтересирана за неа. Кога принцот ја запросил Масако го одбила, бидејќи не можела да се откаже од нејзината ветувачка кариера. Таа конечно го прифатила третиот предлог на Нарухито и тие се венчале во 1993 година.

Меган Маркл, Војвотката од Сасекс

Љубовната приказна на американската актерка Меган Маркл и принцот Хари е најновата романса меѓу „обична личност“ и член на кралското семејство. Двојката се запознала на „состанок на слепо“ што го договорил нивниот заеднички пријател. Набргу потоа, тие отпатувале заедно во Боцвана каде сфатиле дека нивната врска станува сериозна. Меган Маркл се омажи за принцот Хари на 19 мај 2018 година.

Валис Варфилд, војвотката од Виндзор

Валис Варфилд била Американка од Балтимор, Мериленд. Во 1931 година, кога го запознала Едвард, принцот од Велс, всушност била венчана со Ернест Симпсон, а тоа бил нејзиниот втор брак. Во јануари 1936 година, кога Едвард станал крал на Обединетото Кралство, неговата желба да се ожени со жена разведена двапати предизвикала уставна криза.

Во декември 1936 година, по неговото абдицирање, кралот Едвард станал војвода од Виндзор. Тој се оженил со Валис шест месеци подоцна.

Софија Хелквист, принцеза на Шведска, војвотка од Вермланд

Пред да влезе во шведското кралско семејство, Софија Хелкивист била гламурозен модел, учесник во реално шоу и инструктор по јога. Софија се запознала со Карл Филип, принцот на Шведска, за време на ручекот со нивните заеднички пријатели. Софија и принцот Карл Филип се венчале на 13 јуни 2015 година.

Сподели на Facebook
пати видено