Сите го прават тоа, но науката мисли дека би требало да го правите почесто.
1. Ве прави посреќни
При мастурбирањето се лачат два ендорфина – допамин и окситоцин. Овие супстанци ви го подобруваат распложението.
2. Може да помогне да имате подобар секс
Мастурбацијата ги зајакнува карличните мускули – што значи дека ова „тренирање“ може да ви го подобри и продолжи сексуалното искуство. Како што стареете, карличните вежби можат да ја спречат еректилната дисфункција и неконтролираното мокрење. Покрај тоа, според Чикашкиот универзитет, честите мастурбатори имаат почесто имаат секс од тие кои поретко мастурбираат.
3. Природен лек против алергија на полен
Затнатиот нос лете е последица на потечените и воспалените носни крвни садови, иритирани од поленот во воздухот. За време на мастурбацијата, нервниот систем ги стега крвните садови, смирувајќи ги тие во вашиот нос и овозможувајќи ви да дишете нормално.
4. Може да се бори со ракот
При едно истражување во Австралија се октрило дека мажите кои мастурбираат почесто од два пати седмично имаат 36 отсто помали изгледи да заболат од рак на простатата пред да наполнат седумдесет години во споредба со тие коишто мастурбираат поретко.
5. Ви ја подобрува самодовербата
Истражувањата покажуваат дека жените кои почесто мастурбираат имаат поголема самодоверба од тие кои не го прават тоа, бидејќи се посвесни за тоа на што сѐ е способно нивното тело.
6. Се бори против инфекции
За жените, почестите сесии на утринско задоволство може да спречи инфекции на мочниот тракт и матката, што се должи на поттикнувањето на протокот на течности, тврди Ентони Сантела од Сиднејскиот универзитет. Мастурбацијата исто така го покачува и нивото на кортизол, кој го регулира функционирањето на имунитетот.
7. Супер е за вашата коса
Д-р Мајкл Ројзен истакнува дека протокот на крвта е важен одлучувачки чинител за внатрешната и надворешната убавина. Зголемениот крвоток за време на мастурбацијата е супер за вашата коса и кожа.
8. Помага при грчеви
Соло изведбата во оној карактеристичен период на месецот го подобрува крвотокот во карличната област, со што ја олеснува болката. Мускулните контракции кои се јавуваат за време на мастурбацијата ја олеснува напнатоста во мускулите на матката.
9. Може да спречи дијабетес
Проучувањата покажуваат дека жените коишто редовно мастурбираат се помалку подложни на дијабетес тип 2.
10. Го подобрува сонот
Според д-р Шини Амбардар, мастурбацијата го поттикнува лачењето на хормонот пролактин, кој е одговорен за чувството на опуштеност и поспаност.
11. Мастурбацијата ја убива болката
Секс истражувачот Беверли Випл открил дека издржливоста на болка кај жените се зголемува за близу 75 отсто после свршувањето при мастурбација. Ова најверојатно се должи на лавината невротрансмитери кои се ослободуваат по оргазмот.